Намаленото внимание и хиперактивност кај децата е поврзано со недостаток од фолати во бременоста

Одамна се знае дека нивото на фолати (природна форма на фолна киселина) во бременоста е многу важно за нормален развој на нервниот систем на бебето. Во една студија објавена во списанието Детска психологија и психијатрија се покажало дека недостатокот од фолати во бременоста е поврзан со недостаток на внимание и хиперактивност кај децата помеѓу 7 и 9 годишна возраст.

Резулатите покажаа дека слабата исхрана во бременоста има потенцијал да влијае долгорочно врз однесувањето на детето и формирањето на врските покасно во животот.

Истражувачите пронајдоа дека обемот на главата кај новордените бебиња на мајки кои примале мала количина на фолати во бременсота, бил забележително помал од обемот на главата на другите бебиња. Тоа може да укажува на послаб раст на мозокот во пренаталниот период.

Кај децата чии мајки во текот на бременоста земале додатоци на железо и фолна киселина, била драматично намалена смртноста до 7 годишна возраст.

Во средини каде недостатокот од железо и анемијата се чести, со земање на додадок од железо и фолна киселина, смртноста на бебињата била намалена за 31%. Земањето на овие додатоци во исхраната го намалило раѓањето на бебиња со премногу мала телесна тежина за 16%. Анемијата пак кај мајките за време на бременоста била намалена за 50%.

Ова е силен доказ дека треба да се обрне внимание на тоа мајките да примаат доволно фолати и железо.