Домашното насилство може да остави лузна врз животот на нероденото дете

Изложеноста на голем стрес кај бремените жени, може да влијае врз нивните бебиња подоцна во животот

Според истражувачите високото ниво на стрес за време на бременоста може да предизвика нероденото дете да има доживотни ментални лузни.

Тие веруваат дека непотребните кризи со кои се соочува мајката можат да остават белег на мозокот на нејзините деца, што ги прави помалку способни да се справуваат во животот, како што ќе стануваат постари.

Тимот кој ја водел студијата побарал од 25 мајки да одговорат дали претрпеле екстремен стрес предизвикан од злоупотреба од нивните партнери или сопрузи за време на бременоста, а потоа го отцениле нивното емоционално ниво. Потоа истражувачите го следеле однесувањето на одреден ген кај нивните деца, кои биле на возраст од  9 до 19 години.

 

Насилството во бременоста остава доживотни лузни и врз бебето


Генот - наречен глукокортикоиден рецептор - е вклучен во ракцијата на мозокот на стрес.

Германските истражувачи откриле дека генот е далеку помалку активен кај децата чии мајки биле жртви на домашно насилство, кога биле бремени. Насилството кое се јавувало после бременоста, се покажало дека не влијае на начинот на кој генот предизвикувал реакција на мозокот на нивните деца.

Др. Хелен Гинтер, од Универзитетот на Констанца, вели:
 


Тоа го менува начинот на кој луѓето реагираат на стрес и тие можат да имаат намалена способност да одговорат на стресот.
 


Претходни студии покажаа дека децата кои имаат злоупотребени родители се повеќе склони кон депресија подоцна во животот. Д-р Гинтер, вели дека во студијата бил разгледуван само екстремен стрес предизвикан од насилство на партнерот.


Ние не ги земавме во предвид секојдневните стресови на работното место или во семејството, додава таа.


Оваа студија е специфично насочена кон злоупотреба. Истражувачите нагласуваат дека студијата се потпира врз спомените на мајката за злоупотреба после една или две децении. И таа не е доказ дека насилството врз бремените жени предизвикува промени во мозокот на детето - туку само покажува дека постои врска.


Д-р Carmine Pariante, од Институтот за психијатрија при Кингс колеџ Лондон, изјави:



Овој документ потврдува дека раните години, кога се поставува основата, почнуваат со минус девет месеци. Веќе некое време ни е познато дека стресот и депресијата кај мајките за време на бременоста можат да предизвикаат специична реакција кај во потомството, со што влијаат врз однесувањето на децата и во периодот на адолесценцијата и влијае врз нивата способност за моделирање на свој одговор на стресот.

Оваа студија покажува дека глукокортикоидниот рецептор, односно рецепторот за хормони на стрес, е предмет на клучни биолошки промени, кои придонесуваат за организација на реакцијата на стрес кај потомството.

Ова потврдува дека бременоста е уникатно чувствителна на предизвиците на психо-социјалната средина на мајките - многу повеќе од на пример, периодот откако ќе се роди бебето.

Ние се залагамеме да се препознае дека справувањето со стресот и депресијата во текот на бременоста - е клинички и општествено важна стратегија.