Повторувачкиот стрес во бременоста е поврзан со проблеми во однесувањето на децата

Студија на Институтот за Итражување на детското здравје, во Перт, покажа врска помеѓу бројот на стресни настани доживеани за време на бременоста и зголемениот ризик од проблеми во однесувањето на детето.

Вообичаени стресни настани се: финансиски проблеми, проблеми во односите, тешка бременост, губење на работа, проблеми со другите деца и големи животни стресови, како на пример смрт во семејството.
 
Главниот автор на студијата, д-р Monique Robinson, вели дека иако претходните студии покажале поврзаност меѓу стресот и полошите резултати, оваа студија оди понатаму со анализа на тајмингот, количината и видовите на настани што водат кон полоши резултати.


Таа вели:

 
Она што го дознавме е дека вкупниот број на настани има најголемо влијание на однесувањето на детето. Два или помалку стресови во текот на бременоста не се поврзани со послаб развој детето, во поглед на однесувањето. Но како расте бројот на стресови и ако тој број се зголеми на три или повеќе, тогаш ризикот од потешко однесување на детето се зголемува.

 
Д-р Робинсон вели дека видот на стрес бил од помала важност од бројот на стресови, и немало конкретни ризици поврзани со времето на случување на стресниот настан - односно немало разлика дали тој се случувал рано или подоцна во текот на бременоста.
 
Анализата била извршена врз основа на податоци од студија во Западна Австралија, која опфатила близу 3000 бремени жени и биле евидентирани животните стресни настани искусени во 18-та и 34-та недела од бременоста, а биле собрани и социдемографски податоци. Биле забележани искуствата со животни стресови на мајките и биле направени проценки на однесувањето на децата, кога децата биле на возраст од: 2, 5, 8, 10 и 14 години.

Бројот на жени со повеќе од два стресни настани бил 37,2%, додека бројот на жени со шест или повеќе стресови бил 7,6%.
 
Д-р Робинсон вели дека студијата не треба да ги направи бремените жени да чувствуваат уште поглем стрес, заради стресот во својот живот. Објаснувајки:
 


Овие типови на анализи даваат увид во ризикот на вкупната популација, а секако дека индивидуално лицата можат да имаат многу различни реакции.
 
Независно од изложеноста на стрес во утробата, животната средина полна со љубов, по раѓањето може да му обезбеди на детето огромен потенцијал да го смени правецот на развој. Ова е познато како "развојна пластичност ", што значи дека мозокот може да се прилагоди и се менува, додека детето расте во позитивна клима.
 
Важната порака тука е во тоа како ние како заедница им даваме поддршка на бремените жени. Ако размислуваме за луѓето кои живеат под стрес, тоа најчесто е поврзано со социо-економската неповолност. Ова истражување покажува дека треба да им се помогне на овие жени со програми за поддршка, за да се осигураме дека стресот нема негативно да влијае врз нероденото дете.
 


Д-р Робинсон вели дека се потребни понатамошни истражувања, за да се разбере како стресот во бременоста влијае врз развојот на бебето, вклучувајќи го влијанието на мајчините хормони на стрес, поврзувањето и проблеми со родителството, како и социо-економските фактори.