Недостатокот од сон во бременоста носи ризик од прееклампсија

Бремените жени кои спијат помалку од 6 часа во текот на ноќта за време на раната бременост, во последното тромесечие имаат повисок крвен притисок за 4 mm на живиниот столб. Жените пак кои спијат помалку од 5 часа, имаат 9 пати поголеми шанси за развој на сериозното нарушување - прееклампсија.

Од друга страна и премногу сон не било добро. Жените кои спиеле повеќе од 10 часа во првото тромесечие имале двоен ризик за прееклампсија.

Авторот на студијата Michelle Williams - професор по Епидемиологија и Глобално здравје на Универзитетот во Вашингтон, вели:
 


Во глобала на бремените жени им се потребни 7-9 часа сон. Ако не го добијат, тоа може да се одрази врз нивното здравје.
 


Но бидејки се работи за студија која за прв пат покажува оваква поврзаност, потребно е заклучоците да се потврдат и од други студии пред да бидат дадени препораки за бремените жени.

Во студијата учествувале 1272 здрави бемени жени, помеѓу 2003 и 2006 г.

Првото интервју било направено кога жените биле во 14-та гестациска седмица. Биле забележани информациите за нивниот животен стил и здравствените карактеристики.

 


Должината на спиењето немала влијание врз притисокот во првото и второто тромесечие. Но за време на третото тромесечие се покажало дека жените кои во првото тромесечие спиеле по помалку од 6 часа, имале повисок систоличен крвен притисок за 3,72 мм живин столб.

Дури и жените кои спиеле по 7-8 часа имале за 2,43 мм живин столб повисок притисок, од жените кои спиеле по 9 часа.

Додека пак жените кои спиеле по повеќе од 10 часа во текот на ноќта, имале 4,21 мм повисок притисок.

Научниците го проучиле ефектот на времето на спиење врз ризикот од прееклампсија, која носи сериозна опасност и за мајката и за бебето.

Се покажало дека жените кои спијат по помалку од 5 часа во текот на ноќта, имаат 9,5 пати поголем ризик од прееклампсија, а оние кои спиеле повеќе од 10 часа имале 2 пати поголем ризик.

Целата на студијата не била да се пронајде механизмот кој стои зад поврзаноста, но се претпоставува дека можеби промената во ритамот на сонот, предизвикува хормонални промени кои влијаат врз крвниот притисок.

Др. Mary Rosser вели дека ова е многу важно откритие, но тоа е само почеток. Има бројни промени во бременоста кои можат да влијаат врз крвниот притисок, како зголемувањето на тежината - која е типична во бремноста. Дури и ако самата тежина не влијае врз крвниот притисок, таа може да предизвика апнеа во текот на спиењето - за што се знае дека го качува притисокот.

Таа додава:
 


Дефинитивно дека е добра идејата бремените жени да добијат добар ноќен сон, иако тоа станува тешко како што напредува бременоста.

Жените често се грижат за други луѓе, но бремените жени треба да најдат време за да се одморат, во текот на ноќта или со преспивање во текот на денот.
 


Таа им препорачува на бремените жени да ги исфрлат напивките со кофеин и да пијат доста вода во текот на денот. Според неа жените можеби ќе спијат подобро ако во текот на денот вежбаат.