Компликации во бременоста

4Д доказ за последиците од пушењето врз бебето во стомакот

Како што се наближува крајот на бременоста бебињата во стомаците на мајките се помалку и помалку ги допираат своите лица. Истражувачите велат се надеваат дека овие шокантни докази за она што го предизвикува пушењето на мајката кај бебето ќе ги мотивираат идните мајки да престанат со пушење во бременоста.

Дури и благо нарушување на функцијата на тироидната жлезда може да доведе до сериозни компликации во бременоста

Хормоните на тироидната жлезда помеѓу другото го регулираат метаболизмот на материја и енергија во организмот. Недоволното производство на тироидни хормони или хипотироидизам може да предизвика симптоми како умор, чувствителност на студ, констипација, депресија итн.

Стресот во бременоста влијае врз наредните генерации

Канадските истражувачи утврдиле дека стресот во бременоста предизвикува промени врз гените и дека може да се пренесе врз бебето, влиаејки врз бременостите на наредните генерации.

Со жештините се зголемува и можноста за порано раѓање

Истражувачите откриваат дека пораните раѓања растат за 27% кога температурите се над 32 степени целзиусови, помеѓу 4 и 7 дена.

Недостатокот на Д витамин во бременоста може да го зголеми ризикот од тешка прееклампсија

Жените кои имаат недостаток на Д витамин во бременоста можат да имаат зголемен ризик за развој на тешка прееклампсија - состојба која е потенцијално опасна по живот. Се работи за најголема студија од овој вид, изработена е од Универзитетот за Јавно здравство во Питсбург.

Верував и бев упорна и истрајна и вредеше

Читајќи по форумите и пребарувајќи по темите за ризични и проблематични бремености, во надеж дека барем некому ќе помогне вакво искуство, сакам да го споделам и моето искуство и проблемите со кои се соочив во претходните месеци.

Објаснета поврзаноста на Хламидијата со вонматеричната бременост

Хламидијата е една од најраширените сексуално преносливи болести. Може да се лекува, но најчесто поминува незабележана и без симптоми. Како последица од неа може да се јави неплодност, бидејки може да доведе до оштетување и блокирање на јајцеводите.

Жените кои имале Хламидија имаат највисок ризик за ектопична или вонматерична бременост, заради трајните последици од инфекцијата.

Откритие дава надеж за третман на прееклампсијата

Научниците открија механизам кој го качува крвниот притисок кај прееклампсијата. Прееклампсијата е потенцијално смртоносна состојба во бременоста, која годишно во светски рамки го одзема животот на 50,000 жени и 500,000 бебиња.

После 20 години истражување, научниците од Кембриџ го разоткрија првиот чекор од процесот, кој го контролира крвниот притисок. Пронајдокот веројатно ќе има значителна примена во третманот на прееклампсијата, како и високиот крвен притисок и пронаоѓање на поефикасни лекарства.

Недостатокот од сон во бременоста носи ризик од прееклампсија

Бремените жени кои спијат помалку од 6 часа во текот на ноќта за време на раната бременост, во последното тромесечие имаат повисок крвен притисок за 4 mm на живиниот столб. Жените пак кои спијат помалку од 5 часа, имаат 9 пати поголеми шанси за развој на сериозното нарушување - прееклампсија.

Од друга страна и премногу сон не било добро. Жените кои спиеле повеќе од 10 часа во првото тромесечие имале двоен ризик за прееклампсија.

Pages

Designed by Antsin.com