Прееклампсијата е поврзана со намалена функција на тироидната жлезда

Во анализата биле комбинирани 2 одвоени студии. Првата студија покажала дека жените кај кои ќе се развие прееклампсија во текот на бременоста, во последните седмици од бременоста имале мало намалување на функцијата на тироидната жлезда.

Втората студија покажала дека жените кои имале прееклампсија во бременоста, имаат поголеми шанси за намалување на тиродината функција, после 20 и повеќе години од породувањето, од жените кои немале прееклампсија.

Студијата е водена од Др. Richard J. Levine, вработен во (NICHD) - делумно е финансирана од Eunice Kennedy Shriver National Institute of Child Health and Human Development (NICHD). ВД директорката на институтот Susan B. Shurin, вели дека намаленото функционирање на тироидната жлезда може лесно да се дијагностицира и да се третира, кога има сомневања дека се работи за него.

Авторите на студијата ги советуваат лекарите на жените кои имале прееклампсија, да бидат свесни дека оваа група на пациентки има поголем ризик од нарушена функција на тироидната жлезда.

Тироидната жлезда произведува хормони кои го регулираат: чукањето на срцето, крвниот притисок, телесната температура, метаболизмот на храната итн. Нејзината намалена функција доведува до слабост, малаксаност и кардио-васкуларни заболувања.

Прееклампсијата е опасна состојба која се јаува кај некои бремени жени, се карактеризира со висок крвен притисок и присуство на протеини во урината. Може да почне со благи симптоми, а да стане сериозна и да премине во еклампсија - тешка состојба со многу висок притисок, конвулзии и може да доведе до оштетување на мозокот или смрт.