Недостатокот на Д витамин во бременоста може да го зголеми ризикот од тешка прееклампсија
Жените кои имаат недостаток на Д витамин во бременоста можат да имаат зголемен ризик за развој на тешка прееклампсија - состојба која е потенцијално опасна по живот. Се работи за најголема студија од овој вид, изработена е од Универзитетот за Јавно здравство во Питсбург.
Студијата вклучила 700 бремени жени, кои подоцна развиле прееклампсија и 3000 добро сочувани примероци на крв земени во периодот од 1959-1965, од мајки кои немале прееклампсија, со цел да го проценат ризикот на нискиот Д витамин.
Главниот автор на студијата, Проф. Lisa Bodnar, вели:
Со декади Д витаминот беше познат како нутритиент кој е важен за здравјето на коските. Во последните 10-15 годни научниците сфатија дека витаминот Д има различни функции во организмот, вклучувајки ги оние кои се важни за одржување на здрава бременост.
Научниците откриле дека доволното количество на Д витамин го намалило ризикот за тешка прееклампсија за 40%, но немал влијание врз ризикот за развој на блага прееклампсија.
Mark A. Klebanoff, еден од авторите на студијата вели:
Научниците веруваат дека тешката и благата прееклампсија имаат различни корени. Тешката прееклампија носи многу поголем ризик по животот на мајката и детето, отколку благата прееклампсија. Така, тоа што можеме да ја поврземе тешката прееклампсија со фактор кој може лесно да се третира, како што е недостатокот на Д витамин, носи голем потенцијал.
Др. Боднер вели:
Доколку резултатите се потврдат и со примероци на крв од современите жени, тогаш понатамошното испитување на улогата на Д витаминот врз ризикот за прееклампсија ќе биде загарантирано. Дотогаш жените не треба автоматски да земаат суплементи со Д витамин заради резултатите од оваа студија.
Главен извор на Д витамин за организмот е изложеноста на сонце.