Пријателствата им помагаат на децата во регулирање на стресот
Кортизолот - хормон на стрес кај луѓето, ја мобилизира енергијата и ни помага да одговориме на потенцијална закана, кога сме под стрес. Зголемените нивоа на кортизол се адаптивни - тие ни помагаат да се прилагодоме на променливите околности и да се справиме со стресорите кога тие ќе се појават - но хронично високо ниво на кортизол може да има негативни ефекти врз тоа како функционираме, особено врз нашиот имунолошки систем.
Во студијата биле вклучени речиси 100 деца од четврто одделение - возрасна група која досега не е доволно истражена во овој поглед - за да се утврди дали виктимизацијата и исклучувањето од страна на врсниците се поврзани со зголемување на кортизолот, и дали пријателства влијаат врз неговото регулирање. Децата биле дел од лонгитудинална студија на развој на доенчиња и деца, која била спроведена во Холандија и била дизајнирана да биде претставник на холандското население.
Пријателствата го намалуваат стресот од отфрленост кај децата
Истражувачите побарале од децата да издвојат кои соученици биле најчесто малтретирани, задевани или исклучени од другите деца. Тие, исто така ги прашале децата за бројот на пријатели во училницата и квалитетот на нивните најдобри пријателства. Покрај тоа, тие ги испрашале родителите на децата во врска со проблеми во однесувањето на децата.
Истражувачите го мереле нивото на кортизол кај децата преку плунка, пет пати во текот на два последователни училишни дена.
Децата кои беа исклучени од страна на нивните соученици имале зголемено ниво на кортизол во училиште и имале помал пад на кортизолот во текот на денот. Овие наоди можат да укажат на тоа дека исклучувањето е стресно. Ова било уште поизразено кај оние деца кои биле исклучени, а имале малку пријатели или пак имале пријателства кои се карактеризираат со низок квалитет.
Виктимизацијата од соучениците не била поврзана со зголемување на кортизолот, што укажува дека виктимизација не е толку стресна како исклучувањето.
Проф. Marianne Riksen-Walraven вели:
Заедно, резултатите покажуваат дека иако пријателите не можат целосно да го елиминираат стресот од исклучување на училиште, тие сепак го намалуваат. Бројот и квалитетот на пријателствата на децата може да им послужи како тампон против отфрленоста.
Студијата е спроведена од страна на истражувачите од Универзитетот Radboud во Холандија, и е објавена во списанието Child Development.