Се разведруваме кога ќе видиме слика од мајката

Мајката секако дека има посебно место во нашето срце, но испитувањата покажуваат дека таа има посебно место и во нашиот ум.

Една студија покажа дека поглед на лицето на мајката ги возбудува клетките во мозокот повеќе отколку слики од други луѓе, познати личности и таткото.

Поврзувањето кое се создава  поемѓу мајката во првите месеци и првите години од животот, обезбедува таа да не биде далеку од неговиот ум и многу години покасно.
 
Во едно тестирање Канадските научници ја мереле активноста на мозокот на доброволци додека им покажувале слики од нивните родители, славни личности и непознати лица.

Сликите на мајката предизвикувале во мозокот да се осветлат оние делови кои се клучни за препознавање и емоциите. Сликите на татковците предизвикувале послаба реакција, а потоа следеле сликите на славните личности и непознатите. Резултатите се објавени во списанието Brain and Cognition.

Др. Marie Arsalidou - истражувач од Универзитетот во Торонто вели дека фактот што оваа активација се јавува во мозокот и на возрасни луѓе, кои одамна живеат одвоено од своите родители, укажува на долгорочноста на ефектот.

Во меѓувреме една студија во САД во која се испитуваше улогата на хормонот окситоцин, покажа дека гласот на мајка дури и преку телефон делува смирувачки врз вознемирените нерви, исто како и прегратктата.

Во испитувањето учествувала група на девојчиња на возраст од 7-12 години. Девојчињата требало да решат низа на математички проблеми пред непознати, што кај нив предизвикувало стрес. Една третина од нив биле утешени со личното присуство на мајката, една третина добиле телефонски повик од мајката, а на една третина од девојчињата им бил прикажан филм.  

Нивото на окситоцин брзо скокнало кај оние девојчиња кои ги виделе или разговарале со своите мајки и на изненадување на научниците, девојчињата кои примиле телефонски повик од мајката, во рок од еден час биле исто толку смирени како и оние кои лично се виделе со неа.

Leslie Seltzer истражувач  во студијата вели: Од резултатите е јасно дека гласот на мајката го има истиот ефект како и прегратката дури и кога таа не стои таму.