Зошто мајките ги бакнуваат бебињата

Зад мајчиниот бакнеж стои и здравје, не само љубов

Кога ќе се роди бебето најприродна работа е да се види како мајката го бакнува. Човек би си помислил и би бил во право дека тоа е заради емотивната врска која е формирана меѓу мајката и бебето. Но зад бакнувањето стои и многу важна биохемиска причина. Биолошките системи во нашето тело се толку комплексни и имаат совршена мудрост, која се пренесува и во комплексната социјална интеракција помеѓу мајката и бебето. Како што нашите тела знаат како да го родат бебето, без интелектуално знаење на процесот, треба да им веруваме и на другите мајчински инстинкти.

Кај животните кога мајката ќе го роди младенчето, таа посветува големо внимание на лижењето. Така таа ги изложува своите 5 сетила на потомството и го запознава неговиот вкус, мирис, чувство, звук и изглед. На тој начин таа го смета за свое.

Кај луѓето кога мајката ќе го роди бебето и ако и се овозможи слободен пристап до него, ќе забележите дека таа го допира, бакнува, веројатно ќе ги изброи слатките мали прстиња, ќе му се восхитува итн. Таа веројатно ќе се восхитува на тоа колку бебето личи на таткото или на некој друг член на семејството. Ќе ја забележи бојата на кожата, косата, очите и другите физички каратеристики. Го слуша плачот на нејзиното бебе и го разликува од плачот на другите бебиња. Кога ќе се наведне да го бакне, таа го чувстува неговиот мирис, а преку бакнувањето и вкусот.

Како и кај животните, мајката ги изложува своите 5 сетила на бебето и се приврзува со него. Чувстува дека е нејзино. Не е невообичано, кога на мајката не и е дозволена приватност и интимност со бебето по раѓањето и воспоставување на непосредното поврзување, таа да чувстува дистанцираност од бебето.


Здравствени придобивки од бакнувањето на бебето


Кога мајката го бакнува бебето тоа не и овозможува само емотивно, туку и биолошко поврзување. Има реални здравствени бенефити од бакнувањето.

Кога мајката го бакнува бебето таа ги внесува во себе патогените, кои се наоѓаат на неговото лице, а кое тоа ќе ги внесе и во себе. Потоа нејзиниот имунолошки систем прозиведува антитела токму за тие патогени, кои ќе бидат присутни во нејзиното млеко, а му се потребни на бебето, вели Лорем Сомпајрак, автор на книгата: Како работи имунолошкиот систем.

Бакнувањето му помага на организмот на мајката да одлучи кои антитела му се потребни на бебето и тоа е многу важна активност, која се протега уште подалеку од емотивното поврзување.