Деветнаесетта седмица од бременоста

Што се случува во оваа недела на вашата бременост?

Мајката:

Проблемите со варењето на храната и киселините може да се интензивираат. Исто и проблемите со кожата. Вашата кожа е сува и може да предизвикува непријатно чешање. На вашето лице може да се појават темнни белези. Сите овие непријатности ќе поминат после породувањето.

Совет: За разлика од стриите, за сувоста на кожата може да помогне мачкање со благи лосиони или масла, како и пиење поголеми количини течности. Доколку се мачкате со лосиони, обратете внимание на тоа да не се штетни за бебето.

Против киселините можете да се борите со тоа што ќе јадете повеќе помали оброци, наместо три поголеми. Обидете се со џвакање гума за џвакање после секој оброк. Навечер пред легнување, напијте се чаша топло млеко со мед или чаша јогурт. Пробајте да спиете со повисока перница. Доколку земате лекови против киселина, консултирајте се претходно со вашиот гинеколог. Нека Ви објасни кои од нив смее да се употрбуваат во тек на бременоста.

Бебето:

Трајните заби почнуваат да се формираат под млечните.

Освен нежните влакненца, кои го покриваат целото тело,вашето бебе е покриено и со бела сиреста - верникс. супстанција, која ја штити неговата кожа од течната средина.

Бубрезите од оваа недела почнуваат целосно да функционираат.

Ако носите девојче, нејзините јајници веќе содржат примитивни јајце клетки.

Просечната должина на бебето е околу 20 см, а просечната тежина околу 200-225 грама.

Таткото:

Можеби веќе ги имате почувствувано движењата на бебето или пак ви се чини дека штом ќе ја ставите раката на стомакот на мајката, тоа се смирува. Не се грижете. Во многу случаи движењата однадвор биле почуствувани дури во 28-та недела.

Можеби стравувате од тоа дали ќе бидете добар татко, особено ако вие самиот не сте имале добар модел. Тоа се сосема нормални размслувања. Не се грижете, веројатно и мајката на вашето бебе размислува така за своето мајчинство. Споделете ги своите размислувања. Прочитајте некоја книга за текот на бременоста, породувањето, грижата за бебето, родителството. Тоа што сте заинтересиран за да го читате ова, веќе покажува каков родител ќе бидете.

 

bremenost nedeli 19

Бебе во 19-та седмица на бременост