Шафранот - ефикасен лек против постпородилна депресија и депресија

шафран

Постпородилната депресија сега се јавува кај 1 од 7 нови мајки. Симптомите се: губење на интерес за секојдневните обврски, длабоки промени во расположението, немање енергија, губење на радоста на мајчинството итн. Се работи за сериозна состојба, опфатена со безброј студии за да се изнајде начин да им се помогне на новите мајки кои се нејзини жртви. Една од тие студии е за влијанието на шафранот врз оваа состојба кај жените со блага и умерена постпородилна депресија.

Во студијата учествувале 60 нови мајки дијагностицирани со постпородилна депресија. После 8 недели била направена нова евалуација на мајките кои земале дневно 15 мг шафран и оние кои земале плацебо. Кај групата која земала шафран постпородилната депресија била во ремисија кај 96% од жените, додека кај плацебо групата ремисија имало кај помалку од половина од оваа бројка на новите мајки.

Други студии исто така имаат охрабрувачки резултати во третманот на депресија со шафран. Во 2014 г е направена мета анализа, наречена: “Saffron for depression: a systematic review of clinical studies and examination of underlying antidepressant mechanisms of action”, која анализирала 6 студии за делувањето на шафранот врз депресијата и заклучокот бил дека шафранот значително ги намалува симптомите на депресија и дека е слично ефикасен како и антидепресивите.


Импресивната способност на шафранот да го подигне расположението е подржана и од други докажани здравствени придобивки. Шафранот исто така е богат со Б витамини, што дополнително ја зголемува неговата хранливост.