Откриен е идентитетот на Супер мајката
Многу се зборува за митот на Супер мајката. Таа непостоечка жена, која прави се и изгледа неверојатно добро додека го прави тоа.
- Нејзината куќа секогаш е чиста.
- Нејзините деца се добро облечени.
- Нејзините оброци секогаш се дома подготвени. Исто толку вкусни, како што добро изгледаат.
- Нејзината коса е секогаш средена.
- Нејзините деца секогаш добро се однесуваат.
- Нејзиниот дом секогаш е убаво уреден, полн со ракотворби кои научила да ги изработува од Pinterest.
- Нејзниот сопруг секогаш се фали од неа пред неговите колеги и другари, дури и пред странците кои ги среќава на улица.
- Нејзините семејни фотографии секогаш покажуваат совршено семејство, каде секој гледа во камерата, секој се смее и сите очи се отворени.
Како мајки многу често слушаме за оваа жена. Знаеме дека е мит, но често се запрашуваме ... дали таа навистина постои?
- Дали можеби пријателката, која се фалеше со последниот проект е таа жена?
- Дали можеби тоа е личнста која стои зад фотографијата на Instagram, на која е прикажана вечера која изгледа толку вкусно и примамливо?
- Дали тоа е можеби жената која секогаш ја среќавате кога ги земате децата од училиште? Онаа со прекрасната облека и маникирани нокти? Дали е таа?
Престанете да се чудите која е Супер мајката. Јас го открив нејзниот вистински идентитет. Можеби ќе се изненадите кога ќе откриете дека тоа се ВИЕ! Вие со сите ваши борби и гафови, со сите ваши сомнежи и неуспеси. Вие!
Ако не ми верувате, размислете за момент на сите супер човечки моќи кај вас:
- Можете целосно да се истуширате (коса, тело и да се избричите) за помалку од 5 минтуи.
- Можете да го разликувате плачот на вашето дете на 50 мети, дури и на 100 кога другте деца плачат и се натпреваруваат за внимание.
- Можете да ги нахранте вашите деца повеќе пати во текот на денот.
- Некако успевате да се нахраните и самата себе.
- Успевате да се грижите за вашите деца кога сте ужасно болна.
- Си дозволувате да бидете таа лошата затоа што знаете дека тоа е за добро на вашите деца.
- Вашите бакнежи имаат магична моќ да ги лечат болките.
- Можете да поминете денови без да облечете "вистински' пар на пантолони, а сепак вашето дете ви кажува дека сте убава, се чувствувате убава, дури и за момент.
- Многу ноќи си легнувате чувстувајки се како неуспех, сепак секое утро се будите и се обидувате повторно.
- Можете да готвите вечера, да зборувате на телефон, да влечете плачливо дете околу вашата нога... се во исто време. Бонус: Ова се квалифицира како фитнес за тој ден.
- Можете да функционирате со ужано малу спиење.
- Не само што можете да функционирате со малку или ич спиење, туку можете да преживеете додека го правите тоа.
- Вашите деца сеуште ве сакаат и покрај сите грешки.
Зарем сеуште не се чувстувате како Супер човек?
Ако познавате и други супер мајки како вас, споделете и со нив! На сите ни треба мало охрабрување.