Како децата ја гледаат мајката?

мајка си игра со децата

Што е мајката за нејзиното дете? Зарем таа не е сонцето дење и северната ѕвезда ноќе? Влијанието што го имате врз вашите деца е огромно и тоа ќе ги следи секогаш низ нивниот живот. Примерот кој ќе го оставите за нив, ќе зборува многу посилно од сите зборови што ќе ги слушнат од другите. Како ве гледа вашето дете:

  1. Вие сте најпаметната личност што ја познаваат. За вашите деца вие знаете се за сешто. Се разбира дека како што ќе растат ова малку ќе се сменува, но вашите деца секогаш ќе бараат од вас водство и мислење. Јас сеуште ги барам од мојата мајка.
  2. Вие сте нивната вистинска Мери Попинс. Не само што магично можете да чистите по цел ден по нив, туку веројатно имате и голема вреќа со забавни нешта.
  3. Вие сте толку убава. За вашите деца вие сте најубава. Тие го сакаат вашиот накит и чевли, ја сакаат вашата шминка и коса. Воедно никој не може да направи да се чувстуваат поубави, како кога ќе ги дотерате вие.
  4. Вие сте најдобра готвачка. Обезбедувате појадок, ручок и вечера, па дури и ужинка помеѓу оброците. Никој не може да ве победи во тоа.
  5. Во нивните очи вие можете да направите СЕ: Доброволно им служите на другите, ги миете садовите додека бебињата се качуваат по вашите нозе, пеете како ангел кога ги заспивате, ги засмејувате кога ги скокоткате нивните прстиња и понекогаш тие мислат дека сте супер мама! Кога ќе ве видат, тие веруваат во вас! Всушност, веројатно тие сакаат кога ќе пораснат да бидат исти како вас!
  6. Вие читате приказни подобро од било кој друг. Има нешто во гласот и допирот на мајката што децата го наоѓаат толку утешително.
  7. Вие најдобро ги бакнувате деловите од телото кои болат! Зарем има некој што е подобар во тешење после повредни чувства, згазено ноџе, исечено прсте или изгребано колено од мајката? Мајките знаат како да ги направат децата да се чувстуваат потполно добро.
  8. Вие ги упатувате да станат тоа што се. Не можеме да ги присилиме нашите деца да бидат точно тоа што ние сакаме, но како нивни мајки можеме да ги водиме и упатуваме преку нашиот пример. Вие влијаете на нивната иднина, токму сега и токму тука.
  9. Вие сте нивниот свет. Не само што сте нивниот водач, готвач, чистач, такси возач и тешител, вие сте и менувачот на пелени, тренер, навивач и комичар... ВИЕ сте нивното се!


David McKay вели: "Најголемата работа која некогаш ќе ја направиме се наоѓа помеѓу ѕидовите на нашиот дом"

Без разлика колку е важна вашата работа надвор од домот, сепак нашите семејства се најважни... бидејки, мајката не може да се замени!