Направи сама: Освежувач за воздух
Social Buttons
Доколку сакате да го освежите мирисот во вашиот дом, а притоа не сакате да купувате од готовите производи, кои често пати содржат познати загадувачи на воздухот и можат да бидат токсични за здравјето, рецептов е за вас.
Потребно:
2 Шолји вода
1 Супена лажица сода бикарбона
15-20 капки есенцијално масло
Подготовка:
1. Земете сад и во него ставете ја сода бикарбоната. Потоа врз неа капнете го есенцијалното масло по ваш избор. Тоа ќе придонесе маслото да се задржи во правта, наместо да се издвои во водата. Добро измешајте ја содата со маслото.
Изборот на есенцијално масло е ваш, можете да користите само еден вид или пак да земете на пример по 10 капки од два вида на масло. На пример можете да искомбинирате лаванда со камилица или пак да употребите масло од цитруси итн.
2. Додадете ја водата и добро измешајте за да се раствори содата.
3. Со помош на инка претурете ја течноста во шише со прскалка.
4. Вашиот нетоксичен и економичен освежувач за воздух е спремен за употреба.



