Направи сама: Нетоксичен дезодоранс
Social Buttons
Голем број од готовите дезодоранси се често пати полни со токсични хемикалии како парабени, алуминуим итн.
Доколку сакате да ги избегнете, а се разбира дека не сакате да се откажете од дезодорансите, имате можност за неколку минути да приготвите своја домашна верзија.
Предупредување: Ова не е рецепт за антиперспирант, нема да го спречи потењето. Ова е рецепт за дезодоранс, ќе се потите, но нема да мирисате.
Состојки:
2 Лажици сода бикарбона
2 Лажици скробно брашно или густин
2-3 Лажици ладно цедено кокосово масло
Подготовка:
1. Во сад измешајте ги сода бикарбоната и скробното брашно.
2. Додадете го во смесата кокосовото масло за да се сврзе добро и да добие конзистенција на паста. За почеток ставете 2 лажици кокосово масло, па ако има потреба додадете уште малку.
3. По желба можете да ставите 5-10 капки есеницално масло по ваш избор или пак некоја комбинација од вашите омилени масла. Ова е само како дополнителна опција за вашиот дезодоранс да има мирис.
4. Готовиот дезодоранс можете да го ставите во празно кутивче од стар стик дезодоранс (во летните месеци ќе треба да го чувате во фрижидер, затоа што кокосовото масло на температура под 27 степени преминува во течна состојба) или пак во стаклен сад со капак.
За да го нанесете дезодорансот земете мала количина од него и размачкајте го со прсти под пазувите. Почекајте 1-2 минути пред да се облечете и спремни сте.



