Млада жена ја пронашла својата мајка, која ја напуштила по раѓањето

Кетрин со листот хартија

Млада жена на 27 години ја пронаоѓа својата мајка, која ја напуштила по раѓањето со помош на Facebook

Katheryn Deprill почнала да бара својата мајка, која ја напуштила во тоалетот на Бургер Кинг само неколку часа по раѓањето. Кетрин била посвоена од прекрасно семејство и вели дека имала прекрасно детство и добар живот.

Она што ја копкало била желбата да ја запознае својата биолошка мајка и да дознае дали можеби некаде има браќа или сестри.

Таа земала своја фотографија, на која држи голем лист хартија, на кој било напишано дека бара помош за да ја најде својата мајка. Фотографијата брзо се раширила низ мрежата и добила внимание во јавноста.

Последица од сето тоа било тоа што Кетрин навистина успеала да ја запознае својата мајка. Таа вели дека кога се виделе веднаш се прегрнале и дека таа е добра жена, а сребата поминала подобро отколку што очекувала.

Кетрин не сака да го открие идентитетот на нејзината мајка, која ја родила кога имала само 17 години. Младата жена забременила после силување и не сакајки да направи абортус успеала бременоста да ја одржи во тајност. Кога го родила бебето решила да го остави на место, за кое била сигурна дека брзо ќе го најдат.

Мајката на Кетрин и нејзиниот сопруг веќе имале решено да ја побараат нејзината ќерка, а судбината се погрижила тоа да се случи.