После 10 спонтани абортуси и противно на прогнозите на лекарите конечно станале родители
Брачниот пат Sarah и Mark Brennan за 10 години ја искусиле болката од 10 спонтани абортуси. Но, спротивно на сите очекувања и на прогнозите на лекарите, тие конечно се родители на едно прекрасно чудо - нивната ќеркичка Ерин Елизабет.
Сара вели:
Бевме на листа за чекање на ин витро, но јас имав чудно чувство дека можеби сум бремена.
Откако почнала да се чувстува изнемоштено решила да направи тест за бременост, кој го потврдил нејзиниот сомнеж.
Марк вели:
Беше прекрасно тоа што откривме дека Сара е бремена, но после толку многу спонтани абртуси не можевме да не бидеме загрижени.
Можеби звучи чудно, но после околу шест спонтани абортуси се навикнавме на тоа секој пат да бидеме разочарани.
Сара ги советува другите мајки кои се борат со неплодност да не се откажуваат.
Кога заминале на ултразвучен преглед се слушнало срцето на бебето. Сара вели дека не можеле да ги сопрат солзите. Бебебето продолжило да се развива како што треба и на ултразвукот во 20-та недела дознале дека имаат девојче.
Се одело како по книга се до 29-та недела, кога водењакот на Сара пукнал премногу рано. Лекарите мислеле дека бебето не преживеало, но се покажало дека е добро. Следните денови парот ги поминал во болница. Стравот бил постојано со нив, стравувале дека ќе го загубат и ова бебе.
Ерин се родила кога бременоста напреднала до 33-та недела и имала родилна тежина од 1,66 кг.
Сара вели:
Кога заплака бевме во солзи - конечно бевме родилели. Но, наместо да ми ја дадат мене итно ја однесоа бидејки и беше потербна помош во дишењето.
Не ја видов во следните 5 часа, а првата прегратка се случи дури наредниот ден.
Ми ја подадоа целата измотана со жици и туби и се стопив во совршен наплив на емоции и љубов.
Ерин останала во болница уште 3 недели. Сега таа е дома и одлично напредува. Нејната мајка порачува:
Бевме толку среќни. На секому кој минува низ истото, би му рекла никогаш да не се откаже од надежта.