Пресреќна заради синот после 16 спонтани абортуси
Наташа Адамс (30) од Лондон, конечно после 16 абортуси и 2 мртвородени деца е пресреќна и го слави раѓањето на синот. Орион е нејзино четврто бебе, но изминатите 7 години за парот биле пропратени со многу тага и разочарувања. Таа вели дека нејзиното раѓање е причина за "никогаш да не се откажете од надежта".
Се покажало дека Наташа страда од нарушување на коагулацијата на крвта, но исто така и имунолошко пореметување, заради кое нејзиното тело ги напаѓало клетките на бебињата.
Кога останала бремена минатата година таа стравувала дека никогаш нема да роди здраво бебе. Неколку недели пред терминот се уплашила дека се случило најлошото кога престанала да ги чувствува движењата на бебето. Сите испитувања покажале дека нема бременоста е уредна, но таа останала загрижена и побарала повторно да биде прегледана. Тогаш се покажало дека има брадикардија, успорено чукање на срцето.
Лекарите го индуцирале породувањето и се родил Орион, совршено здраво бебе.
Целото семејство
Нека е жив и здрав!