Мајка (21) била спасена со хистероктомија откако се изборила 9 пати со заканувачки спонтан абортус
Social Buttons
Луси Ричардс дознала дека е бремена кога дожиевала тешко крварење, додека била на состанок на работа. Лекарите и кажале дека е бремена во петта недела и дека и се случува спонтан абортус. Но, наспроти очекувањата, крварењето било ставено под контрола и бебето било спасено.
Во следните 14 недели Луси уште 8 пати речиси доживеала спонтан абортус, но секогаш бременоста продолжувала, а бебето се развивало совршено нормално.
Во 36 недела од бременоста се покажало дека Луси има плацента превиа - ретка компликација, кај која плацентата е всадена ниско во матката. Луси морала да биде породена со царски рез.

Окткако ја родила ќеркичката - Деми, Луси паднала во бесознание. Изгубила речиси 3 литри крв и иако имала само 21 година, лекарите биле принудени да и ја извадат мактата, за да спречат понатамошно крварење и да и го спасат животот.
Луси вели:
Секогаш сонував за големо семество. Сакав да имам 4 деца.
Породувањето беше трауматично и ја загубив матката.
Никогаш нема да можам да имам повеќе деца, но една насмевка од мојата убава ќерка е доволна за сфатам дека вредеше да поминам низ се.
Таа забременила и покрај користењето на контрацептивни пилули. Вели дека немала намера да забrемени толку млада, затоа што сметала дека има уште многу време за деца. Кога се случило крварењето и дознала дека е бремена таа била шокирана:
Не знаев што се случува, но бев ужасната дека може да го загубам моето бебе.
Не планирав беменост уште 10 години, а сега носев мал живот во себе.
Само што дознав дека сум бремена се вклучи мајчинскиот инстикт и бев решена да се борам за бебето.
Не можев ни да размислувам за абортус, таа помина низ толку многу - беше јасно дека е очајна за да живее. Беше ужасно, но на крај ми кажаа дека бебето е живо и здраво.
Откако во 36 недела и била поставена дијагнозата плацента превиа било јасно дека ќе мора да се породи со царски рез:
Лекарите ми кажаа дека ако се породам природно, тоа ќе не убие двете, затоа морав да имам царски рез.
Луси уште вели:
Денот кога се породив беше најлошиот ден во мојот живот, но денот кога конечно ја земав мојата ќерка во раце беше најдобриот.
Не можам да опишам со зборови како се чувстував. Беше толку мала и совршена.
Сеуште ги имам моите јајници, така да во иднина ќе ги разгледам опциите за сурогат мајка или трансплантација на матка.
Но, сега сакам да се фокусирам на одгледување на ќерката - за која сум среќна што ја имам.





