Забременила природно на 45 год. по 2 децении борба со неплодност

целото семејство

Каролин Саваж е мајка на 5 деца. Близнаците ги добила со помош на сурогат мајка - откако и кажале дека веќе нема да може да раѓа, двете ги добила со ин витро, а најстариот син бил зачнат природно пред 20 години.

Тоа што е изненадувачки во целата приказна е што по 2 децении борба со неплодност зачнала по природен пат на 45 години. Каролин вели:

После 2 децении поминати без спонтано зачнување, после безбројни циклуси на стимулација, повеќекратни инсеминации и повеќе од 5 обиди за ин витро... Ја бев бремена - на старомодниот начин.

Пред 6 години таа стана позната низ светот по трауматичната лекарска грешка за време на едно од нејзините ин витра. Се открило дека и всадиле ембрион на друг пар. Таа решила да го роди бебето и потоа да го предаде на неговите биолошки родители, знаејки колку многу е сакано тоа бебе.

 

со бебето кое го родила од туѓ ембрион

По раѓањето на Логан, бебето кое го родила за неговите биолошки родители


Каролин сега е запрепастена што има здрава бременост на таа возраст. Со сопругот имале незаштитен секс во текот на нивниот 21 годишен брак и природно забременила само еднаш - пред 20 години - кога го родила првиот син.

Кога дознала дека е бремена веднаш посегнала по Google, пребарувајки: бремена на 45 и се сретнала со депримирачки статистики. Некои сајтови пишувале за 90% спонтани аабортуси на таа возраст. Му ја соопштила радосната вест на сопругот, но ја пропратила со отрезнувачката статистика и му рекла дека тоа веројатно нема да трае.

Додека парот загрижено "чекал" да го изгубат бебето, времето минело, а рутинските прегледи не покажале никаков проблем. Во 15 недела ги добиле и резултатите од хромозомските испитувања и дознале дека бебето е типично и дека е машко.

Каролин вели дека тогаш ја оставиле морбидната состојба на очекување на спонтан абортус.

За бебето кое го родила после имплантацијата на туѓ ембрион, вели дека го сакала како свое и дека секој ден благодари и се моли за него.

После неговото раѓање и било кажано дека не може повеќе да раѓа, заради синдром кој може да предизвика опасна прееклампсија и дека нејзината матка повеќе не може да носи бременост.

 

близначките од сурогат мајка

Близначките од сурогат мајката


Затоа во 2011 година парот со помош на сурогат мајка ги добил близначките Изабела и Реган.

Сега целото семејство е воодушевено од новата бременост и го чекаат доаѓањето на шестото дете.

 

семејството заедно со сите деца

Целото семејство: Каролин (45) и сопругот (44), најстариот син (19) е во центар лево, до него од десно е вториот син (17) зачнат со ин витро, во центар е ќеркичата (6) исто така зачната со ин витро, а двете близначки (3) од сурогат мајката се во црвено