Со ин витро добиле тројка, па по неколку месеци зачнале близнаци

тројка

Џули и Дејвид Григла од Јута, со помош на ин витро третман во април оваа година ја добиле тројката: Авраам, Брејди и Христијан. Среќните родители биле шокирани кога после само неколку месеци природно зачнале близнаци. Тоа значи дека до следниот мај парот ќе има 5 деца помлади од 14 месеци, а тројката ќе бидат постари браќа.

Џули вели дека иако е загрижена за тоа како некогаш ќе можат да се наспијат со 5 бебиња, сепак не може да биде посреќна:

Благодарна сум што сите ќе имаат другарче, секогаш. Ќе имаат секогаш со кого да западнат во неволја, но и ќе се држат заедно кога се во тесно. Тоа ми е голема утреха. Ќе ни биде многу забавно.

 

родителите



Парот имал проблеми со плодноста и затоа после 18 месеци од стапувањето во брак решиле да се обидат со ин витро третман. Третманот бил успешен и тие ги добиле трите момчиња. Кога дознале дека ќе имаат тројка Дејвид бил воодушевен и постојано повторувал: Не ми се верува, не ми се верува дека ќе имам големо семејство какво што секогаш посакував.

Џули вели дека да се биде мајка е најтешката и најблагодарна работа што ја имала.

Кога се родиле момчињата, работата била тешка како што и очекувала. Постојано се хранеле, испумпувала млеко и се борела да остане здрава и самата. Првите месеци биле тешки, но Џули вели дека сега си играат, пеат песни и им е многу позабавно.

 

трите бебиња



Летово кога Џули почнала да има мачнини решила да направи тест за бременост и се шокирала кога видела дека е позитивен. Кога му кажала на Дејвид, тој на почетокот не и поверувал, но кога го прегрнала и кога видел колку силно и чука срцето сфатил дека не се шегува:

Двајцата почнавме да плачеме. Не можевме да поверуваме на чудото на кое бевме сведоци во тој момент. Џули вели дека веднаш знаела дека ќе бидат близнаци, а тоа им го потврдил и лекарот.

Наместо да бидат шокирани како за тројката, овој пат родителите биле воодушевени. Џули која и самата израснала во дом со 11 деца вели дека знае дека ќе им биде забавно: Ќе го добиеме големото семејство кое отсекогаш сакавме да го имаме, а мислевме дека е невозможно.