Семејство посвојува бебе, искрена исповед од дното на срцето

првата средба со синот

Dennis и Carita Chen од Калифорнија, 9 години се бореле со неплодност и на крај решиле да посвојат дете. Нивниот најголем сон да станат родители почнал да се одвива, ги спремале документите и почнале да бараат бебе. Тогаш се појавил нивниот благослов Јаков.

 

jakov

 

На нивниот блог, каде го опишуваат нивното патување, среќните родители го напишале следното:

Има приказна за тоа како дојдовме тука, како мислата стана желба, како желбата стана намера и како намерата стана акција. Се чини како патувањето да ќе продолжи до крајот на нашите животи.

Приказната за посвојувањето е делумно мистерија, делумно драма, делумно комедија и делумно приказна за искупување. За нас таа е исто така патување на љубов и губење или страв и најмногу вера.

Посвојувањето е повеќе од потрага по дете. Тоа е повеќе од обид да се комплетира семејството. Тоа е повеќе од мелем за раните од неплодноста. Тоа е повеќе од возвишена, благородна намера... повеќе од очајничко копнеење.

Посвојувањето е за љубовта кон Бога, потрагата и крајното искупување. Тоа повеќе од се е теологија, бидејки посвојувањето ни кажува нешто исконско и прекрасно за Бог и како Тој не гледа нас.

 

jakov

 

Семејството Чен било благословено со Јаков, бидејки неговата биолошка мајка одбила абортус и му дала шанса за живот. Во видеото подолу тие споделуваат повеќе за нивното патување, како и нивните први моменти со нивниот син. Ќе ви требаат марамчиња, изгледајте, па споделете со пријателите и семејството!