Малечко девојче со даунов синдром научило да оди, зборува и танцува благодарение на сестричката
Social Buttons
Две годишната Ери Харингтон, од Кембиџшир, почнала да оди многу порано од очекуваното заради нејзината 4 годишна сестричка Еви.
Нивните родители велат дека желбата да биде како нејзината сестра и помогнала на Ели да се развива толку брзо. Мајката вели дека односот на Еви со Ели е толку посебен, тие се многу блиски.

Познато е дека децата со даунов синдром учат визуелно, така да тоа што можела да ја имитира Еви, за Ели била помош во развојот.

Мајката вели дека главна причина заради која Ели почнала да оди толку рано е тоа што очајно сакала да биде со Еви:
Тонусот на мускулите на Ели е многу добар, така да таа имаше добар почеток за да може да ја следи нејзината сестра.
Тие едноставно сакаат да си играат заедно, тие се мала двојна акција.
Кога Еви ми кажа дека кога ќе порасне сака да живее засекогаш со Ели, ми се стопи срцето.

Децата со даунов синдорм обично имаат забавен развој, но нивото е различно за секое дете.
Мајката вели дека Еви постојано зборува со Ели, па така да не е чудно што и таа почнала да кажува зборови.
На почетокот, после дијагнозата мајката била шокирана, но семејството решило да и го даде најдоброто што може и да и овозможи секаква подршка.
Ели ја засакала малата сестричка уште од моментот кога ја видела, таа во нејзините очи не е ништо поинаква.

Како што растат девојчињата тие поминуваат се повеќе време заедно. Тие сакаат да си играат заедно 24/7.
Кога не се качуваат по намештајот, си играат криенка.
Не би ја сменила за ништо на светот, толку сум горда со моите две девојчиња.
Семејството победува, љубовта победува, љубовта прави чуда!





