Рака во рака се избориле за живот
Лили и Грејс се родиле 13 недели пред време и првите седум недели од животот ги поминале одвоено. Кога конечно ги ставиле заедно во инкубатор, тие веднаш посегнале една накај друга и се фатиле за рака. Следните 2 месеци во болницата ги поминале гушкајки се една до друга.
Тие сега имаат една година и нивната мајка нивното целосно закрепнување го припишува на нивната цврста поврзаност. Таа вели:
Фактот што се држеа за рака за време на нивната битка да преживеат им даваше сила.
Не знам дали ќе го направеа тоа ако беа една без друга.
Родиелите биле пресреќни кога дознале дека ќе добијат близнаци, но ултразвукот во 26-та недела покажал дека тие се во позиција пред породување. Неколку дена потоа се родиле со итен царски рез, тежејки само по 900 гр.
Лили имала ифекција и морала да биде одвоена од сестричката и да биде под терапија со антибиотици. Моментот кога за прв пат биле повторно заедно и се фатиле за рака мајката го опишува овака:
Беше толку емотивен момент. Како двете да сакаа да се осигураат една со друга дека ќе се извлечат низ сето ова. Глетката беше восхиувачка.
Тие сега се целосно закрепнати и се нераздвојни, мајката додава:
Дури само ако ја земам едната за да и сменам пелена, другата почнува да плаче додека не се врати. Сакаат да бидат заедно. Секогаш се кикотат и смеат една на друга. Ќе бидат најдобри пријателки цел живот.