Неродено бебе го уништило канцерозниот тумор кај мајката: Ми го спаси животот

Ми го спаси животот: Мајка која не ни знаела дека е бремена открила дека трудничките хормони го уништиле канцерозниот тумор на матката.

Докторите стравувале за животот на Никола Велер откако откриле дека има канцероген тумор во матката, а веќе претходно се жалела на оток под ребрата.

Дванаесет недели покасно била пратена на скен пред операцијата за отстранување на туморот. Скенот на огромно изненадување на сите покажал дека таа е бремена во седма недела, дека нејзиниот син и го спасил животот и дека всушност трудничките хормони предизвикале туморот да се дезинтигрира.

Самото забременување е чудо само по себе бидејки таа била на контрацепција. Никола вели:

Беше апсолутно неверојатно. Не планирав да забременам и имав ставено контрацептивна спирала. Така да самото забременување беше чудо само по себе, но да откријам дека моето неродено бебе направило да исчезне туморот беше уште поголемо чудо. Се што беше останато и се виде на скенот, беа неколку меури со крв, кои пловеа наоколу. Немаше друга трага од туморот.

Моето бебе ми го спаси животот, без него немаше денес да бидам тука.


Кога се родил Брендон во 2010 година од туморот сеуште немало ни трага, а докторите исто така не можеле да поверуваат. Радиологот на Никола и рекол дека никогаш немал видено таков случај. За време на бременоста таа редовно одела на прегледи за да утрврдат дали можеби туморот ќе се врати, но тоа никогаш не се случило.

Никола вели:

По спасувањето на мојот живот, тој е навистина супермен.

Не планирав уште едно дете (Никола веќе ја има 8 годишна ќерка Алиша), но мило ми е што го сторив тоа.

Еден ден кога ќе биде доволно стар за да разбере, ќе му кажам што се случи. Алиша разбира што се случи и таа му е исто така многу благодарна. Го разгалува својот мал брат.