Родителите и лекарите биле спремни да се откажат, но тогаш братчето и испеало песна
Како и секоја друга добра мајка, кога Карен открила дека очекува уште едно бебе сторила се што може за да му помогне на 3 гоидшниот син - Мајкл да се подготви за приновата. Ултразвукот покажал дека се работи за сестричка. Мајкл секој ден и пеел песни на малата сестра во стомакот на мајката. Тој ја градел врската на љубов со сестричката уште пред да ја запознае. Бременоста течела нормално.
Кога дошло време почнале породилните болки. Прво на 5 минути, па на три.. на една минута. Но, се случиле сериозни компликации. Кога конечно се родила, сестричката била во сериозна состојба.
Во текот на ноќта, бебето било итно однесено на одделот за неонатална интезивна нега во болницата во Ноксвил, Тенеси. Состојбата на малото девојче станала уште полоша. Специјалиостот со жалење им кажал на родителите:
Има многу мала надеж. Подгответе се за најлошото.
Карен и сопругот имале подговтено соба за малото бебе, но сега се нашле во ситуација да планираат погреб. Но, Мајкл почнал да ги моли родителите да му дозволат да ја види малата сестричка:
Сакам да и пеам - постојатно повторувал.
Поминала една недела на интезивна нега и се чинело дека втората недела нема да може да помине, сите мислеле дека малото бебе нема да ја преживее.
Братчето продолжило да ги моли родителите да му дозволат да ја види, и покрај тоа што на одделот никогаш не дозволувале присуство на деца. Тогаш Карен донела одлука: решила да го земе со себе Мајкл, без разлика дали тоа ќе им се допадне на лекарите или не. Ако не ја видел тогаш сестричката, можеби никогаш немало да ја види жива.
Го облекла во голема заштитна облека и го внела во собата. Тој изгледал како подвижна корпа за алишта. Кога главната сестра го видела веднаш извикала:
Изнесете го тоа дете од тука, сега! НЕ е дозволено да доаѓаат деца. Мајката во Карен се јавила во сила и покрај тоа што вообичано таа била кротка жена, таа ја погледнала сестрата во очи и цврсто рекла:
Тој нема да замине додека не ја види својата сестра.
Карен го одвела Мајкл до креветчето на сестричката. Тој гледал во малото бебе, кое ја губело битката за живот. Во тој момент почнал да пее. Со чисто срце на едно три годишно дете почнал да пее:
Ти си мојат сончев сјај, мојот единствен сончев сјај, ме правиш среќен кога небото е сиво. (You are my sunshine, my only sunshine...)
Бебето веднаш како да изреагирало, неговиот пулс се смирил и се стабилизирал. Карен со солзи во очите му рекла на Мајкл да продолжи да пее и тој продолжил:
Никогаш нема да знаеш мила колку многу те сакам. Те молам не одземај го мојот сончев сјај.
Додека пеел, дишењето на бебето се стабилизирало. Карен одговорила: Продолжи да пееш душо! Мајкл продолжил:
Минатата ноќ мила, додека спиев, сонував дека те држам во моите раце...
Малата сестричка се опуштила и почнала да се одмара. Дошол исцелителен сон.
Продолжи да пееш Мајкл. Низ лицето на главната сестра се слевале солзи.
Следниот ден малото бебе било доволно силно за да може да замине дома.