Еве што би сакала да му кажете на вашето дете кога ќе покаже со прст кон мојата ќерка
Кога влеговме во игралишетето вашето дете веднаш покажа кон моето, гласно велејки: Мамо, погледни ја!
Вие брзо го заќутивте, го викнавте за тивко да го укорите.
Вие сте на крајот во истата продавница кога вашето дете го забележува бебето во мојата количка и прашува: Зошто тоа бебе е црвено?
Вие практично му ја ставате вашата рака на устата, за да сопрете колку можете повеќе од прашањето, додека брзате кон другиот агол без да погледнете наназад.
Вашето дете се смрзнува, зјапа со отворена уста во мојата ќерка во библиотеката, а во вашите очи се гледа паника додека се обидувате да го натерате да погледне на друго место.
Сето ова препознавам како се одвива, речиси секој ден. Ги слушам сите прашања, се гледам со аголот од окото, ги забележувам сите прошепотени коментари.
Ве слушам, ве гледам и сето тоа го чувствувам длабоко во срцето. Кога ќе се обидете да го "скрите" тоа од мене, од нас, станува уште полошо.
Засрамени сте, го разбирам тоа. Но ние сме родители, кои се обидуваат да направат најдобро што можат и обете силно ги сакаме нашите деца. И кога ќе се обидтете да ги скриете овие очигледни конверзации од нас, кога се случуваат токму пред нас, чувството е како да се криете од нашето семејство. Се чини како малата незначителна пукнатина помеѓу нас, која ја примети вашето дете, како сега да прерасна во широк кањон, кој никој не сака да го премине.
Што би сакала да направите?
Би сакала да не поканите во вашиот разговор за нас.
Би сакала да ја затворите таа мала пукнатина со тоа што ќе се однесувате кон нас, како кон секое семејствто на игралиштето, намето да направите поголема пукнатина со тоа што се однесувате кон нас како да не може да ни се пристапи.
Кога вашето дете ќе покаже со прст и ќе ви рече да погледнете, би сакала да одговорите јасно: Да, погледни го тоа убаво, мало девојче. Изгледа дека многу се забавува играјки си, исто како и ти!
Кога вашето дете ќе праша: Зошто тоа бебе е толку црвено? Би сакала да му одговорите искрено: Не сум сигурна, но не е важно како некој изгледа. Сите изгледаме различно едни од други, зарем не?
Сакам да го охрабите вашето дете да се запознае со моето и да праша како се вика.
Би сакала да се извините, без да се чувстувате засрамено ако вашето дете е навредливо во наше присуство: Извинете. се уште учиме како пристојно да ги поставуваме прашањата. Исто така многу голема работа ќе биде ако кажете: Вашата ќерка е толку слатка, колку е стара?
И над се, би сакала почесто да зборувате за разликите. Би сакала да му читате на вашето дете за разликите и би сакала позитивно и природно да разговарате за различните видови на различност, од инвалидски колички до вродени белези, од даунов синдром до исхитоза, од расни разлики до носење наочари. На крај, се надевам дека нашите деца ќе научат дека ако имаат прашање за нечиј изглед, ќе можат да прашаат подоцна, насамо, за да не повредат нечии чувства - бидејки, после се, како се однесуваме еден кон друг е многу поважно од тоа како некој изгледа.
Следниот пат, се надевам дека нема да се скриете. Се надевам дека ќе не поканите во вашиот разговор. Наместо остра поделба, која ќе го стави нашето семејство на другата страна со знак "не ја гледај, не и зборувај", повеќе би сакала позитивна можност за вашето дете да научи да ги почитува и цени физичките различности.