Совети за избор на облеката, покажете го вашиот труднички стомак со стил

Social Buttons

Од: Твое Бебе on Недела, 16/06/2013 - 00:42




Бремената жена е симбол за женственост и убавина.

Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да ја одберете трудничката облека, така што ќе се чувствувате убаво и ќе имате самодоверба, наместо да се чувстувате дебело.

Дали стоите пред вашиот шкаф и се обидувате да пронајдете комбинација во која нема да си изгледате огромно? Пред да се нафрлите на XL широките маици на вашиот сопруг, прочитајте ги овие совети за да дознаете како да ја истекнете вашата убава фигура.

Посегнете по блузи и фустани кои имаат појаси и фалти под градите или се набрани под стомакот. На тој начин ќе избегнете да личите како да сте облекле шатор. Фустанот на сликата е прилагодлив, што го прави идеален за една трудница, чиј стомак расте.

Побарајте блузи кои се скроени така да ја имаат формата на вашиот стомак. Блузата која ги покажува контурите на стомакот изгледа многу поубаво, од онаа која што ќе ве прекрие со премногу материјал и е преширока. Прешироката облека не им ласка на труднците.


Искомбинирајте труднички фармерки со интересна, шарена блуза.

За секси изглед можете да одберете фустан кој ќе го обвиткува вашиот стомак и ќе има странични набори.

Не носете широки, рамни фустани. Барајте фустани кои се врзуват на грбот или се пресечени под градите, за да му дадете на вашето тело убава форма.


Не штедете на купување на добар труднички градник. Како што се зголемува големината на вашите гради и вашите ребра се прошируваат, ќе ви треба поголем градник. Премногу мал градник ќе резултира со набори на грбот и претекување на деколтето.

Designed by Antsin.com