Идентичните близнаци Оливија и Кејтлин Стивенсон и нивниот брат близнак Финли се родени и покрај фактот што на нивниот татко Тим му беше кажано дека никогаш нема да има деца.
Оливија, Финли и Кејтлин
Тројката е родена на 30 Август 2006 г. и ги поби тврдењата на лекарите дека нивниот татко никогаш нема да може да има деца.
Тим стравувал дека нема да може да има деца, откако прележал леукемија како дете. Леукемијата била дијагностицирана кога имал 3 години и бил подлегнат на радио и хемо терапија за да ја победи болеста. Третманите продолжиле до неговата осма година, а кога наполнил 13 години, му било кажано дека веќе нема потреба да оди на контролите, но лекарите ја предупредиле неговата мајка дека Тим нема да може да основа свое семејство.
Кајли - сопругата на Тим вели дека дека грижата за децата е многу тешка, затоа што сите го сакаат нејзниото внимание во исто време. Но додава дека не би ги менувала за ништо на светот и дека не и се верува дека веќе ќе тргнат на училиште.
Ќе ми биде многу чудно, затоа што цело време беа со мене, а сега ќе останеме само јас и кучето, вели Кајли која е полновремена мајка.

Децата се возбудени заради училиштето и го очекуваат со нетрпение, со зборовите: "Ќе одиме во големото училоште"
Тим и Кајли се венчале во Август 2007 г., а на венчавката била присутна и тројката.
Кајли вели дека секое од децата е посебно и си има свои особености. Кејтлин е втората мајка и ги држи работите под контрола. Оливија е посрамежлива, а Финли е подружељубив.

Среќните родители со своите бебиња
Кејтлин се родила прва со тежина од 1,4 кг, потоа се родила Оливија со тежина од 1,2 кг и последен бил Финли со тежина од 1,56 кг.
- Најавете се или регистрирајте се за да напишете коментар
Статии со поврзана содржина
- Вести: Во Англија две сестри се породија во ист ден во иста болница
- Вести: Мајка и бебе се борат за живот откако кавгата меѓу лекарите довела до компликации
- Вести: Изваден џиновски тумор на матка
- Вести: Кај родилка во Сиднеј при епидуралната анестезија по грешка вбризган антисептик
- Повеќекратно зголемување на плодноста со земање на DHEA
