Прегратката лек против болка

Social Buttons

Истражувачите открија дека прегратката за бебињата делува како шеќерот за олеснување на болката.

Давањето на бебињата зашеќерена вода за да им се намали болката при примањето на вакцина или инекција не помага, а прегратката од мајката може подобро да ја заврши таа работа.

Се покажало дека контактот кожа на кожа со мајката, им помага на бебињата за олеснување на болката.

Се препорачува мајката да го држи бебето неколку минути пред и неколку минути по процедурата. Научниците велат дека најверојатно се работи за чувството на допирот на мајката, нејзиниот мирис и слушањето на ритамот на нејзиното срце. Се претоставува дека тоа може да го блокира пренесувањето на болката до мозокот или пак можеби се стимулира телото на бебето да лачи хормони кои ја ублажуваат болката.


На малите бебиња често им се дава зашеќерена вода пред примањето на вакцина, но истражувањата покажаа дека таа пракса нема ефект врз болката.

Британските исражувачи открија дека шеќерот делува само како нешто што ќе го одврати вниманието на бебето, а прегратката исто така би била делотворна.

Истражувачите се задржале на испитување на земањето на крв од петицата на бебето неколку дена по раѓањето, со што се проверува дали бебето можеби има некои тешки заболувања, вклучувајки цистична фиброза и српеста анемија.

Била направена студија во која биле вклучени 59 бебиња. На половината од нив им била дадена капка со благ раствор, а на другата половина им била дадена обична вода.

Лицата на бебињата кои примиле шеќер брзо се опуштиле, но тестотвите покажале дека нивниот мозок регистрирал исто толку болка колку и кај оние бебиња кои примиле само обична вода.

Др. Rebecca Slater вели: Нашите истражувања сугерираат дека шеќерот не е ефикасен лек против болката.

Ова е особено важно да се знае кога се повеќе расте бројот на докази кои покажуваат дека болката може да предизвика краткорочни и долгорочни негативни ефекти врз неуралниот развој на детето.

Истражувањето покажа дека има итна потреба од пронаоѓање на подобри средства за намалување на болката кај бебињата, велат истражувачите.

Др. Rebecca Slater уште вели дека треба да се рационализира бројот на болните процедури за малите бебиња.

Designed by Antsin.com