Шетањето не прави попаметни

Знаеме дека шетањето е добро за нашата линија и за општото здравје, но новите испитувања покажаа дека шетањето не прави и попаметни.

Не е важно дали ќе шетате брзо или бавно, сами одредете си ја брзината која ви е угодна, три прошетки неделно од по 40 минути можат да ја подобрат интелигенцијата.

Научниците тврдат дека умерените прошетки ги подобруваат врските во мозокот, се борат против намалувањето на мозочните функции поврзани со стареењето и го подобруват размислувањето.
 

Прошетките се добри за целото семејство


Студијата е направена од психолози на Универзитетот во Илиноис, под водство на Професор Art Kramer. Резултатите од скенирањето на мозокот кај учесниците кои учествувале во неа, а самите за себе изјавиле дека постојано седат на каучот, после една година со неколку прошетки неделно покажале драстично подобрување, во споредба со групата која правела само вежби на истегнување.

Крамер вели дека и претходните студии покажале дека вежбањето може да подобри некои мозочни структури, но последната студија покажа дека умереното вежбање може да ја подобри координацијата на важните мрежи во мозокот.