Во Англија две сестри се породија во ист ден во иста болница
Сестрите Dawn Potts и Catherine Morris родија синови со разлика од 7 часа. Шансите да се случи да се породат во ист ден и во иста болница биле 1:125 000, сепак тоа се случило. Терминот за породување на двете сестри бил со разлика од 4 дена, на почетокот на септември.
Катерина со синот Итан и Дон со синот Броди
Контролата кај Катерина (34) покажала покажала дека има ниска плацента и било индуцирано породување на 25 август, иако терминот и бил на 9 септември.
Истиот ден нејзината сестра Дон (31) добила контракции и набрзина се упатила кон болницата Во Норт Стафоршир. Таа имала закажано царски рез на 5 септември, но наместо тоа се породила 7 часа по нејзината сестра.
Катерина вели дека како деца сестрите се карале како маче и куче, но одтогаш навистина се зближиле. Нејзиниот сопруг вели дека имало поголеми шанси да добијат на лото, оттколку да се породат во ист ден. Додека била во болница Катерина постојано и праќала пораки на Дон за да види како е таа.
Бабицата постојано одела да ја провери и Дон, затоа што била возбудена да дознае која од сестрите ќе се породи прва.
Катерина уште вели: Бевме навистина блиски и ги споделувавме нашите проблеми. Сега со раѓањето на бебињата во ист ден, делиме нешто чудесно.
Дон вели: Не ни се веруваше дека се случува тоа, ниту една од бабиците немаше видено такво нешто. Нејзиниот сопруг кажува дека се надевале дека децата ќе одат во исто училиште, но тоа што го делат роденденот е чудесно.
Гордите баба и дедо исто така се вчудоневидени и велат дека биле многу изненадени што внуците им се родиле во ист ден.

Броди и Итан
Персноналот во болницата бил прекрасен и сите биле возбудени поради случката. Сестрата од одделението вели дека работи во болницата 22 години и никогаш не слушнала 2 сестри да се породат во ист ден.
Некогаш работите се случуваат надвор од секоја веројатност, ова е навистина еден од таквите случаи.
- Шесто сетило помеѓу партнерите
- Иложеноста на трудницaта на БПА може двојно да ги зголеми шансите за отежнато дишење кај бебето
- Позиционерите за спиење се опасни за бебињата
- Моцарт им помага на предвремено родените бебиња да зајакнат и да добијат тежина
- Способноста за сакање е вкоренета во раното детство

