Намалувањето на тежината го намалува ризикот за компликации во бременоста
Намалувањето на тежината по породувањето е проблем за голем број жени, но намалувањето за само 5 кг може да го намали ризикот за опасни компликации во следната бременост кај жени кај кои веќе имало компликации во бременоста.
Прееклампсијата се карактеризира со висок крвен притисок, протеини во урината и отекување, може да влијае врз црниот дроб, бубрезите и системот за коагулација на крвта. Прееклампсијата е водечкиот фактор на смрт за врме на породувањето во развиените земји.
Др. Dorothea Mostello е водач на студијата која ќе биде објавена во септемврискиот број на списанието Obstetrics and Gynecology.
Научниците сакале да утврдат дали може да се направи нешто за да се намали ризикот за повторување на прееклампсијата во втората бременост.
Претходни истражувања покажале и дека губењето на дури и мала тежина носи намален ризик за срцеви заболувања, Др. Mostello и тимот сакале да дознаат дали тоа ќе го намали и ризикот од прееклампсија.
Биле анализирани досиеја на над 18000 жени кај кои се развила прееклампсија во првата бременост.
Пред втората бременост 1417 жени имале помала тежина отколку пред првата бременост, 8783 останале со истата тежина, а 8798 имале зголемена тежина. Жените кои останале со иста тежина биле земени како контролна група.
Кај жените кои ја намалите тежината прееклампсија се јавила кај 13%, а кај оние кои останале со иста тежина имало повторување на прееклампсијата кај 15%. Кај групата пак која имала зголемена тежина дури 19% повторно ја добиле болеста.
Заклучокот е дека мало намалување на тежината (како 5 кг кај жените со просечна височина) значително го намалува ризикот од повторно појавување на прееклампсија кај сите категории на тежина.
Ако имате повишена телесна тежина и ослабете, вашиот ризик од повторна прееклампсија е како кај некој во категоријата со нормална тежина. Ако сте со повишена телесна тежина и се здлебелите, вашиот ризик е како кај некој кој е во категоријата на дебели луѓе. Ако пак жените со нормална телесна тежина качат килажа, нивниот ризик е како кај оние со повишена тежина.
Сеуште не се знае точната причина за појава на прееклампсија, но се знаат некои фактори на ризик, како дебелината. Намалувањето на тежината до следната бременост е навистина најразумното нешто за да се намали ризикот од повторна појава.


