Стресот може да ги влоши предменструалните симптоми

Студија во која учествувале 259 здрави жени на возраст од 18-44 години покажала дека стресот ги влошува предменструалните симптоми.

Резултатите се објавени во списанието Women's Health.

На учесничките во студијата им бил обезбеден начин за одредување на плодноста во дмашни услови, со цел да се пратат фазите на нивниот менструален циклус. Од нив било побарно и да пополнуваат прашалници за нивното ниво на стрес во текот на сите 4 седмици од циклусот. Ниедна од жените на примала контрацептиви или друга хормонална терапија.

Жените кои изјавиле дека биле под стрес 2 седмици пред почетокот на циклусот имале за 2-4 пати поголема веројатност за умерени до сериозни предменструални симптоми, отколку оние жени кои не чувствувале стрес.  

Симптомите кои ги пријавиле учесничките вклучувале: промени на расположението, депресија, изнемоштеност, намалена концентрација, отекување на градите, општи болки, дуење на стомакот и чувство на гнев или загриженост.

Идните студии треба да покажат дали техниките на релаксација ќе ги намалат предменструалните симптоми.