Спротивностите сепак не се привлекуваат

Од: Твое Бебе on Понеделник, 30/08/2010 - 11:33

Спротивно на уверувањата, сопружниците не почнуваат да личат едни на други со текот на времето.

Всушност соружниците често имаат сличен карактер, затоа што на тој начин и ја започнуваат нивната врска. Кај луѓето има тенденција да ги избираат своите партнери врз основа на сличности во нивниот карактер.

Дека сопружниците често пати имаат сличност во карактерот се знаеше и досега, но постоеше дебата за тоа која е причината за тоа. Дали се работи за избирање на партнер со слични особини или пак луѓето се менуваат под влијанието на сопружникот, вели авторот на студијата Mikhila Humbad.

Во студијата биле опфатени 1296 пара. Учесниците биле во брак од 2-19 години. Секој од нив требало да одговори на 198 прашања за да се добие увид во типот на личноста и однесувањето, вклучувајки и информации за тоа биле амбициозни, дружељубиви, лесно раздразливи, физички насилни или дали сакале да планираат однапред.

Не била пронајдена поврзаност помеѓу должината на врската и сличноста на карактерот кај паровите.

Заклучокот на студијата е дека сличноста кај сопружниците подобро се објаснува со изборот на партнерот, отколку со постепеното менување на личноста.

Имало еден исклучок, а тоа е агресијата. Humbad вели дека тоа има и своја логика, ако една личност е насилна, другата личност може да одговори на сличен начин и со текот на времето и самата да стане агресивна.

Изборот на сличен партнер има влијание и врз потомството. Кога ќе стапите во брак со некој што ви е сличен, веројатноста е дека ќе ги зголемите шансите за тие особини да се пренесат и на вашето потомство.

Сподели со пријателите:
Designed by Antsin.com