Авокадото ја подобрува плодноста и може тројно да ги зголеми шансите за успех на ин витро третманите

Студија покажа дека Медитеранската храна, како што е авокадото може да ја подобри плодноста.

Истражувачите тврдат дека јадењето авокадо и користењето на маслиново масло во салатите може да им помогне на жените кои се обидуваат да имаат бебе преку ин витро оплодување.

Храната, која обично е дел од медитеранската исхрана може тројно да ги зголеми шансите за успех кај жените кои имаат третман за плодност.

Студијата покажа дека мононезаситените масти - кои се наоѓаат во маслиновото масло, сончогледово масло, оревите и семињата - се подобри од било кој друг вид на масти за идните мајки. Оние жени кои јаделе најголеми количини имале 3,4 пати поголеми шанси да имаат дете после ИВФ, отколку оние жени кои јаделе најмали количини моно-незаситени масти.

Спротивно на тоа, жените кои јаделе главно заситени масти, кои се наоѓаат во путерот и црвеното месо, произвеле помалку добри јајце клетки за употреба во третманот за оплодување.

Американските експерти кои го сповеле истражувањето веруваат дека моно-незаситените масти - за кои веќе се знае дека имаат улога во заштита на срцето - можат да ја подобрат плодноста преку намалување на воспалението во телото.

Студијата беше презентирана на Европското здружение на хумана репродукција и ембриологија во Истанбул.

Таа беше спроведена на Харвардското Училиште за Јавно Здравство, а е финансирана од страна на Американскиот Национален Институт за Здравство.
 


Лидерот на студијата професор Jorge Chavarro вели:
 


Најдобри видови на храна се авокадото, кое има многу моно-незаситени масти и ниски нивоа на другите видови на масти, и маслиновото масло.
 


Тој вели дека студијата била мала, но наодите заслужуваат понатамошна истрага.

Иако овие резултати се интересни, ова е прв пат што дознаваме дека внесот на масти е поврзан со исходот на третманот во ИВФ, рече тој.

Проф. Chavarro вели дека повисоките нивоа на моно-незаситени масти се поврзани со повисока стапка на живородени, што е крајната цел.

Студијата опафтила 147 жени кои биле подложени на ин витро (ИВФ) третман во Општата болница во Центарот за наталитет во Масачусетс.

Во студијата било бележено внесувањето на различните масти во исхраната како и исходот од третманот за оплодување споредено помеѓу највисоката и најниската третина на внесување во секоја категорија.

Жените кои внесувале најголема количина од сите видови на масти имале помалку добри јајце клетки достапни за употреба во лекувањето.

Проф Chavarro вели дека оваа врска потекнува од заситените масти, додека високото ниво на потрошувачка на поли-незаситени масти произвела ембриони со послаб квалитет.

Повисок внес на мононезаситени масти придонел за 3.4 пати повисока стапка на наталитет, во споредба со оние жени кои внесувале најниска доза.

Жените кои јаделе најмалку моно-незаситени масти, преку нив внесувале 9% од калориите во нивната исхрана, додека кај оние кои внесувале најмногу тие зафаќале 25% од вкупните калории.
 


Проф Chavarro вели:
 


Се знае дека различните видови на масти имаат различни ефекти врз биолошките процеси кои можат да влијаат на исходот на асистираната репродукција - како што се основните нивоа на воспаление или инсулинската сензитивност.

Сепак, во овој момент не е јасно кои биолошки механизми лежат во основата на поврзаноста што ја пронајдовме.
 


Тој уште изјави дека рибата останува извор на 'добри' омега 3 масни киселини, иако студијата не беше во можност да го утврди нивниот придонес.