Здраво бебе родено од 20 годишен замрзнат ембрион
Social Buttons
Здраво бебе е родено откако бил искористен ембрион, кој бил замрзнат пред 20 години.
Истражувањата покажуваат дека замрзнувањето на ембрионите не влијае врз здравјето на бебето.
Мајката на бебето 10 години минела низ неуспешни ин витро циклуси.
Минатата година бил земен замрзнат ембрион кој припаѓал на друг пар, а бил дониран за "посвојување". Парот веќе постигнал успешна бременост при нивното ин витро во 1990 г. и решил преостанатите 4 ембриона да ги даде на посвојување.
Дваесет години после тоа, ембрионите биле дадени на сегашната 42 годишна мајка. Од 4 ембриона, само 2 го преживеале одмрзнувањето и тие биле ставени во матката на жената.
Некои лекари веруваат дека ембрионите можат да се чуваат замрзнати и по 40 години.
Биолошки ова бебе е братче на бебето кое е родено во 1990 г., иако тоа сега има 20 години.
Досега имаше родено здрави бебиња од ембриони замрзнати во период од 13 г. Во 2005 г. 45 годишна жена роди бебиња со користење на ембриони од 1992 г.


