Спонтан абортус е спонтана загуба на бременоста, во првите 20 седмици, кога бебето не може да преживее надвор од мајката. Спонтаниот абортус е многу честа појава, се јавува кај околу 10-25% од утврдените бремености. Една четвртина од жените искусиле барем еден спонтан абортус.
Кај моларната бременост наместо нормална плацента, се развива маса од цисти со форма на грозд. Кај оваквата бременост може воопшто да не постои ембрион или пак може да постои ембрион, со тешки оштетувања и никогаш не резултира со живо бебе.
Моларната бременост настанува заради грешка во процесот на оплодување. На нејзината појава не може да се влијае и не е ничија вина. Постојат 2 типа на моларна бременост:
Кај нормалната бременост јајце клетката се оплодува во јацеводот и потоа патува до матката, каде ќе се всади.
Кај ектопичната (или вонматерична) бременост доаѓа до всадување или имплантација на ембрионот надвор од матката. Зборот ектопична значи надвор од своето место.
Плодовата вода е течноста во која живее бебето. Таа почнува да се формира 12 дена по зачнувањето и игра исклучително важна улога во развојот и животот на бебето во утробата, се до неговото раѓање. Нејзината улога е:
Плацентата (или уште наречена постелка) му овозможува на бебето да прима храна и кислород преку папочната врвца. Таа е орган кој нормално се наоѓа внатре во матката, близу при нејзиниот врв. Плацента превиа пак значи дека плацентата се наоѓа премногу ниско (ниска постелка), близу до вратот на матката. Постојат неколку варијанти на плацента превиа :
Плацентата или постелката е многу важен дел и учествува во хранењето на бебето, доводот на кислород, преку неа се прочистува крвта на бебето, го штити од разни инфекции ит.н. Плацентата излегува од утробата на мајката, неколку минути после раѓањето на бебето.
Прееклампсијата е состојба, која се јавува исклучително во текот на бременоста. Вообичаено се јавува после дваесетата седмица од бременоста. Прееклампсијата се одликува со висок крвен притисок и зголемено количество на протеини во урината. Освен овие, карактеристични симптоми за прееклампсијата се следните :
Цериксот или вратот на матката е долниот, тесен дел од матката, кој завршува во вагиналиот канал. Цервиксот има мал отвор, низ кој може да влезе спермата и да истече менструалната крв. Кога ќе дојде до бременост, отворот на цервиксот се затвора со секрети. Секретите формираат така наречен мукозен чеп. Затварањето на отворот на цервиксот се прави со цел бебето да се заштити од разни инфекции, кои би можеле да навлезат преку него во матката.
Крварење се јавува кај околу 20-30% од бремените жени. Иако не мора да значи дека се работи за опасност, сепак доколку сте бремени и приметите било какво крварење јавете се веднаш кај Вашиот лекар.
Важно е да го следите крварењето: за колкава количина се работи и каква боја е (може да варира од розова, светло црвена, па се до темно кафена боја). Тоа на Вашиот лекар ќе му помогне во поставуавањето на правилната дијагноза.
Крварењето може да се јави од повеќе причини, зависно од тоа во која фаза од бременоста се наоѓате.