Воведување на прихрана кај бебето
Кога да се воведе прихрана за бебето
Се препорачува во првите 6 месеци од животот бебето да биде исклучиво на мајчино млеко. Доколку заради некоја причина не можете да го доите Вашето дете, се препорачува во тој период да му давате исклучиво вештачко млеко.
После шест месеци, млекото веќе не може целосно да ги задоволи потребите на бебето од сите хранливи материи.


