Како се создава млекото

sozdavanje na mleko za doenje 

sozdavanje na mleko za doenjeМлечните жлезди имаат форма на грозови и тие го произведуваат млекото. Млекото од млечните жлезди истекува преку канали. Овие канали во делот на ареолата - темниот дел околку брадавицата, се прошируваат и формираат простор со млеко - млечни синуси. Од синусите пак има околу 20 -тина каналчиња со отвори кои завршуваат во брадавицата.
 

Бидејки просторот со млеко се наоѓа под ареолата, за доењето да тече како што треба потребно е вилиците на бебето да ја притискаат ареолата.

Ако бебето ја цица само брадавицата, ќе истекува само многу мало количество на млеко, а доењето за мајката ќе биде болно.

Запомнете дека СЕКОГАШ бебето треба да ја цица ареолата, а не брадавицата. За да може синусите со млеко ефикасно да се празнат, бебето треба да има во устата добар дел од ареолата.

Кога го доите бебето нервите во брадавицата праќаат сигнали до хипофизата да почне да го лачи хормонот Пролактин. Пролактинот пак го потикнува телото да продолжи да создава млеко. Освен Пролактин, нервите во брадавицата испраќаат сигнал до хипофизата да го засили лачењето на уште еден хормон - Окситоцин. Окситоцинот не само што е многу важен за поврзувањето на мајката и бебето, туку и предизвикува да се контрактира еластичното ткиво околу млечните жлезди, истиснувајки голема количина на млеко низ каналите, синусите и брадавиците. Ова е наречено рефлекс на исфрлање на млекото. Млекото може да надоаѓа толку брзо што може да забележите дека истекува од крајот на устата на бебето или пак ако се одмозлувате можете да приметите дека има големи млазови.

doenje na bebeКога го доите бебето, млекото кое тече на почетокот е потенко и содржи помалку маснотии. Како што продолжува доењето млекото станува погусто и побогато со масти и протеини. Преку првото млеко бебето прима повеќе вода и шеќери, а погустото му помага во растот и добивањето на тежина. Затоа кога го доите бебето потребно е целосно да ја испразнува градата за да ги добие сите потребни материи.

Колку повеќе го доите бебето, толку повеќе ќе се произведува млеко. Редовното отстранување на млекото од градите со доење или измолзување, го стимулира организмот да произведува уште повеќе млеко. Кога го намалувате доењето, телото го намалува и неговото производство.

Се работи за систем на побарувачка и производство. Заради оваквото уредување на производството на млеко во телото на жената, овозможено е и доењето на близнаците. Зголемената потреба од млеко носи зголемено производство.