Во адаптираното млеко има 40 пати повеќе алуминиум отколку во мајчиното млеко

Откриено е дека вештачките формули на млеко содржат високи количини на алуминиум, што може да доведе до здравствени проблеми покасно во животот.

Научниците ги испитале водечките производи на вештачко млеко во Велика Британија и утврдиле дека количеството на алуминиум е многу повисоко од она што е законски дозволено да биде присутно во водата.
 

адаптираното мелко има алуминиум


Највисока количина на алуминиум (800 микро грами на литар) имала формулата позната како Cow & Gate - вештачко млеко специјално наменето за предвремено родени бебиња.

Европските закони дозволуваат максимално присуство на алуминиум во водата до 200 микро грами на литар. Др. Chris Exley - хемичар и водач на студијата вели дека долги години се знаело за високите количини на алуминиум во вештачкото млеко и дека има и докази што ја покажуваат опасноста од него.

Алуминиумот е поврзан со неуролошки заболувања, дефекти на коските покасно во животот, како и со деменција. Секој од нас во телото има алуминиум, но децата се особено склони кон негово апсорбирање во телото и немаат добро развиен систем за ослободување од него.

Др. Chris Exley нагласува: Не се работи за тоа дека детето ќе умре ако пие вештачко млеко. Производителите велат дека не додаваат алуминиум во нивните производи, но многу од нив се пакувани во алуминиумска фолија.

Алуминиумот исто така природно е присутен во сојата, заради киселата почва на која расте. Истражувачите препорачуваат да не им се дава на децата млеко од соја, доколку тоа не го нагласил нивниот педијатар.

Др. Exley и неговиот тим испитале 16 водечки видови на вештачко млеко во Велика Британија и вели дека особено е загрижувачко што најмногу алуминиум има токму млекото што е наменето за предвремено родени бебиња, кои се најранливи од сите. Навистина тоа е шокира.

Тој уште вели дека производителите треба драматично да го намалат присуството на алуминиум во млекото или да го отпечатат на етикетата за родителите да можат да направат информиран избор.