Спредба помеѓу мајчиното и вештачко млеко

 

Хранлива материја

Мајчино млеко Вештачко млеко Коментар
Масти
  1. Богати се со Омега 3 масни киселини, кои помагаат во изградбата на мозокот. Конкретно DHA и АА
  2. Автоматски се прилагодуваат кон потребите на детето. Количината се намалува како што детето расте
  3. Богати се со холестерол
  4. Речиси целосно се апсорбираат
  5. Содржат ензим за обаработка на мастите - Липаза
  1. Не содржат DHA
  2. Не се менуваат
  3. Не содржат холестерол
  4. Не се апсорбираат целосно
  5. Нема липаза

 

Мастите се најважната хранлива материја во мајчиното млеко. Отсуството на холестерол и DHA, витални хранливи материи за изградба на мозокот и телото, може да го предиспонира детето кога ќе биде возрасно за срцеви проблеми и проблеми со нервниот систем.

 

Протеини
  1. Лесни, лесно се сварливи        
  2. Подобро се апсорбираат
  3. Лактоферин за здравје на органите за обработка на храната
  4. Лизозим - антибактериски протеин
  5. Богато е со протеини, кои се непоходни за раст на мозокот и телото
  6. Богато е со фактори на раст
  7. Содржи протеини кои го помагаат сонот


 

  1. Потешко се преработуваат
  2. Помалку се апсорбираат, има повеќе отпад, повеќе се оптеретуваат
  3. Нема трага од лактоферин
  4. Нема лизозим
  5. Недостаток или помала количина на некои од нив
  6. Недостаток на фактори на раст


 

 

Протеините во мајчиното млеко автоматски се прилагодуваат кон потребите на детето, на пр. повисоки се кај предвремено родените бебиња

Јаглени хидрати
  1. Богати се со лактоза
  2. Богати се со оклигосахариди кои го помагаат здравјето на цревата
  1. Некои формули не содржат лактоза
  2. Недостаток на олигосахариди


 

 

Лактозата се смета за важен јаглен хидрат потребен за развој на мозокот. Научни студии покажале дека количината на лактоза во млекото на разните видови, е во корелација со големината на нивниот мозок.
 

Имунолошки фактори
 
  1. Богато е со живи бели крвни клетки, бебето прима милиони на секое доење
  2. Богато е со имуноглобулини


 

  1. Нема бели крвни клетки, бидејки обработката ги убива сите клетки.
  2. Има малку имуноглобулини и најчесто од погрешен вид


 

 

Кога мајката е изложена на некој микроорганизам, таа произведува антитела против него. Потоа тие антитела преку млекото му ги пренесува на бебето.

Витамини и минерали

 
  1. Подобро се апсорбираат, особено цинкот, железо и калциум. Железото се апсорбира околу 50-75%.
  2. Содржи повеќе селен.


 

  1. Помалку се апсорбираат, железото се апсорбира 5-10%.

 

 

Витамините и минералите од мајчното млеко полесно се апсорбираат. За да го компензираат ова во формулите се додава поголема количина од нив, а тоа го прави млекото да биде потешко за обработка.

 

Ензими и хормони
  1. Богато е со дигестивни ензими, како липаза и амилаза
  2. Богато е со многу хормони: пролактин, кситоцин и над 15 други хормони.


 

  1. Обработката ги уништува ензимите.
  2. Обработката ги уништува хормоните, кои секако не се човечки.


 

 

Дигестивните ензими го помагаат здравјето на цревата. Хормоните придонесуваат за севкупната био-хемиска рамнотежа и добросостојба на бебето.