Бебињата кои се ексклузивно доени 6 месеци се значително поздрави

Научниците открија дека колку подолго бебето е исклучиво на мајчино млеко, без додавање на вештачко - има помали шанси да добие разни инфекции.
Доењето во период од 6 месеци, ги штити децата од инфекции.
Резултатите покажаа дека децата кои се исклучиво (ексклузивно) доени во првите 6 месеци се значително поздрави, од оние хранети со адаптирано млеко.
Кај оние деца пак кои биле доени, но добивале и вештачко млеко, бројот и интензитетот на инфекциите не бил намален.
Во студијата биле опфатени 1000 бебиња на возраст до 12 месеци.
Било забелжувано колку инфекции имале на 3,6,9 и 12 месеци, вклучувајки: респираторни и уринарни инфекции, воспаление на уво, стомачна вознемиреност - гастроентеритис, коњуктивитис и габични воспаленија.
Сите деца биле рутински вакцинирани и имале пристап кон здравствена нега со висок стандард.
Се покажало дека колку подолго бебињата се доени, без да им биде давано и вештачко млеко, толку стапката на инфекции била помала.
Мајчиното млеко им помага на бебињата во борбата против инфекциите
Инфекциите пак кои ги добивале ексклузивно доените бебиња, не само што биле поретки туку биле и поблаги, отколку кај нивните врсници кои не биле доени или биле делумно доени.
Други фактори како: возраста и образованието на родителите, изложеноста на чад од цигари, етничката припадност и бројот на браќа или сестри исто така имале влијание. Но влијанието на ексклузивното доење јасно се покажувало и откако биле земени во предвид сите фактори.
Научниците сметаат дека причина за оваквите резултати се антителата кои преку млекото од мајката се пренесуваат на детето и му помагаат во борбата со инфекциите.
Научниците велат:
Ексклузиното доење помага бебињата да бидат заштитени од вообичаените инфекции и ја намалува нивната зачестеност и интензитет, не само во земјите во развој, туку и онаму каде има адекватна покриеност со вакцинацијата и здравствени стандарди.
Janet Fyle - Стручен советник на Royal College of Midwives, во В. Британија вели дека откритието уште повеќе ги продлабочува доказите за многуте добрoдетели на доењето.
Знаеме дека доењето е дефолт метода за исхрана на бебињата, добро е за мајките и добро е за здравјето на нацијата.
Токму затоа треба да продолжиме со напорите за да се осигураме дека ќе имаме висока стапка на доење во ВБ, особено меѓу жените со ниска стапка.
Таа уште додава дека треба да се направи повеќе за да се реши "стигмата" поврзана со доењето:
Како земја ние мораме да погледнеме врз работите кои се против подолгото доење, како работното место и олеснувањата за мајката да дои кога е надвор.
Потребно е во В. Британија на доењето да се гледа како на нормален процес и да се отстрани застарената и негативна стигма, која се уште е прикачена со него, особено за доењето во јавност.
Според СЗО човечкото млеко е најпригодна храна за бебињата и малите деца и се препорачува ексклузивно доење во првите 6 месеци од животот.
Водач на студијата е Emmanouil Galanakis од Одделот за педијатрија на Универзитетот во Крит, Грција.