Објавено од Твое Бебе во Сабота, 04/09/2011 - 10:13
Прогестеронот ја намалува стапката на предвремено раѓање кај жените со кратко грло на матката
Студија покажа дека прогестеронот - природен хормон, ја намалува стапката на предвремено породување пред 33-та недела од бременоста, за 45% кај една категорија на жени кои се изложени на ризик.
Жените во студијата имале кратко грло на матката, за кое е познато дека го зголемува ризикот за предвремено породување. Грлото на матката е дел од матката кој се отвора и се скратува за време на породувањето.


