Занемарувањето на децата во претшколска возраст остава доживотни траги
Децата на претшколска возраст кои бие занемарувани или емотивно злоставувани покажуваат низа на емотивни потешкотии и лоши мајка - дете интеракции, кои бараат навремена евалуација и интервенции.
Биле анализирани вкупно 42 студии врз деца од 0-6 години со потврдено занемарување или емотивна злоупотреба.
Клучните елеметни кај децата вклучувале агресија, повлекување или пасивност, забавен развој, лоша интеракција со врсниците и транзиција од амбивалентни кон избегнувачки, несигурни шаблони на приврзаност и од пасивно кон растечко агресивно однесување и само-репрезентирање.
Без интервеција знаењето, когнитивните функции и јазик кај децата се влошувале. Интеракциите помеѓу мајките и децата биле карактеризирани со слаба чувствителност, непријателство, критицизам или незаинтересираност.
Доживотните последици кај децата вклучувалe: физички и ментални здравствени проблеми, нарушување на говорот, социјалните и комуникациските вештини и тешки ефекти врз развојот на мозокот и хормоналното функционирање.
Студијата заклучува дека раната интервенција има потенцијал да ги промени детските животи.