Јадењето на зеченчук за време на бременоста ги намалува шансите за појава на дијабетес Тип-1 кај детето
На повидок е нов доказ дека правилната, здрава исхрана во текот на бременоста е многу важна за здравјето на бебето.
Децата чии мајки во текот на бременоста секојдневно јаделе зеленчук, имаат помали изгледи дека ќе заболат од дијабетес тип 1.
Ова е покажано во една студија во јужна Шведска, во која биле опфатени 6000 деца. Резултатите се објавени во списанието Педијатриски дијабетес. Пред нешто конечно да се каже, ќе треба да се направат уште испитувања вели клиничкиот нутриционист Hilde Brekke.
Кај дијабетесот тип 1, функцијата на производство на инсулин кај некои клетки во панкреасот се влошува, а тоа доведува до недостаток на инсулин.
Децата со ризик од појава на дијабетес тип 1, во крвта имаат антитела кои ги напаѓаат клетките кои произведуваат инсулин. Кај 3% од тестираните деца на пет годишна возраст имало зголемено ниво на овакви антитела или пак имало целосно развиена форма на дијабетес тип 1.
Зголеменото ниво на антитела било за два пати поголемо кај децата, чии мајки изјавиле дека ретко јаделе зеленчук за време на бременоста.
Децата пак чии мајки изјавиле дека секојдневно јаделе зеленчук во текот на бременоста, имале најмало ниво на антитела.