Како се хранат бебињата во првото тромесечие од бременоста
Научниците од Универзитетот во Манчестер го открија механизмот со кој бебињата ја добиваат храната во првите 11 недели од бременоста, во време кога плацентата сеуште не е добро развиена за да може бебето да се храни преку неа. Станува збор за т.н. 'матерично млеко', односно секрети на жлездите кои се наоѓаат во внатершната обвивка на матката.
Овој стадиум е клучен за имплантација на ембрионот за ѕидот на матката и како што претходни студии покажаа: недостаток на хранливи материи во овој период може да остави доживотни последици врз бебето.
Научниците открија дека жлездени клетки во обвивката на матката лачат гликоген. Потоа гликогенот се апсорбира од плацентата заедно со гликопротеините за да бидат употребени како извор на енергија и да бидат претворени во амино киселини - кои учествуваат во градбата на ембрионот.
Кога ќе се воспостави циркулацијата на плаценатата (после 11 недели од бременоста) престанува снабдувањето со хранливи материи од жлездените клетки и функцијата на исхрана ја превзема папочната врвца.
Проф. John Aplin вели:
Новосоздадениот ембрион не може да ја преживее полната сила на артериската крв на мајката. Иако веќе некое време беше познато дека материчните секрети го хранат малиот ембрион, механизмот преку кој хранливите материи се транспортираат до бебето не беше познат.
Претходна студија на жени од Холандија, за време на гладот при крајот на втората светска војна, покажа дека нивните деца биле посклони кон дијабетис, дебелина, кардиоваскуларни заболувања и други здравствени проблеми од оние кои имале добра исхрана - вообичано достапна за луѓето во Холандија.
Новата студија објаснува како делува овој круцијален стадиум на развојот. Таа сугерира дека здравата исхрана во првите 11 недели на бременоста е есенцијална, но исто така и дека хранливите материи се складирани во жлездените клетки пред бременоста. Затоа многу важно е исхраната да се поправи уште пред зачнувањето.
Професорот додава:
Нема многу истражувања за раните стадиуми на бременоста и дури сега почнуваме да го разбираме процесот на снабдувањето со хранливи материи. Заради тоа, сеуште не сме во позиција да зборуваме за специфична исхрана која ќе има влијание - освен вообичаните препораки.
Како и да е, студијата покажува дека механизмот на снабдување во овој стадиум е доста различен и важно е да се осигураме дека жлездените клетки ќе бидат добро снабдени со енергија, бидејки тоа е важен дел од напорите да се осигураме дека ќе имаме здрав ембрион.