Децата кои имаат заеднички семејни оброци имаат помала веројатност дека ќе бидат дебели

Ова го покажа новото истражување, децата кои учествуваат во заеднички семејни оброци имаат помали шанси дека ќе се свртат кон брза храна и дека ќе бидат дебели.

Ова е исклучително важно во време кога во западните земји дебелината кај децата станува епидемија.

 

Заедничките семејни оброци не само што помагаат во градење на семејните односи, туку имаат и здравствени придобивки

 

Се покажало дека децата кои јадат со своите родители, барем 3 пати неделно, имаат 12% помала веројатност дека ќе имаат прекумерна тежина.


Овие деца, исто така имале 20% помала веројатност дека ќе јадат брза храна, 35% помала веројатност дека ќе имаат проблеми во исхраната, како прескокнување на оброци или прекумерно јадење, а 24% поголеми шанси дека ќе јадат зеленчук и друга здрава храна.

Проф. Amber Hammons, од Универзитетот на Илиноис, вели:


Седнувањето на заеднички семејни оброци, носи и хранливи придобивки. 


Новиот извештај е направен врз основа на набљудување на речиси 183,000 деца на возраст од 2 - 17 години.

Проф. Hammons вели дека е можно родителите за време на семејните оброци да имаат поголемо влијание и можност да ги следат нивните деца.
 


Таа уште додава:
 


Исто така знаеме дека семејствата кои имаат заеднички оброци, имаат помала веројатност дека ќе јадат високо калорична храна.

 

Како резултат, истражувачите ги поттикнуваат и ги охрабруваат семејствата да поминуваат повеќе заедничко време околу семејната трпеза.


Професоката вели дека тоа не мора да биде секој ден, со оглед на тоа дека знаеме дека семејствата се многу зафатени.