5 Причини зошто е добро децата да имаат милениче
Сигурно вашето дете барем еднаш ги изговорило зборовите: Мамо може ли да добијам милениче? Пред да ја отфрлите идејата, размислете за причините заради кои тоа може да биде добра работа. Без разлика дали се работи за куче или на пример морско прасе, еве 5 причини заради кои тоа може да е многу корисно за децата.
Чувањето на миленик ги учи децата на одговорност
Една од главните придобивки на чувањето на милениче е дека ги учи децата да превземат одговорност за нешто. Ако побарале миленик, пред да се согласите седнете, разговарајте и објаснете им што се вклучува грижата за друг живот. Објаснете им што се ќе треба да се прави и дајте им одредени одговорности кои ќе треба да ги извршуваат, како што е хранење или ставање на вода. Децата веројатно ќе уживаат во тоа да покажат грижа за друг живот, иако се разбира дека главната грижа ќе биде ваша.
Ќе ја научат вредноста која ја имаат живите суштества
Чувањето на животно во домот ќе ги научи децата на тоа што се е потребно за да се грижат за друго живо суштество, но исто така и дека таа одлука не може да се донесе така на брзина. Многу луѓе избрзуваат со купување на животно, не сфаќајки што се ќе биде потребно во процесот. Некои и како да забораваат дека животните имаат чувства и потреби, кои треба внимателно да бидат разгледани. Воведувањето на миленик уште рано во животот на детето, ќе му ги отвори очите за одговорностите кои доаѓаат со живите суштества.
Посветеност
Ако вашето дете побара миленик, освен што ќе го научите на одговорноста кон животното, исто така ќе треба да ја разбере и бараната посветеност. Ако се согласи тоа да го храни или да му дава вода, ќе треба тоа да прави секојдневно додека животното е живо, за да биде здраво и среќно, а не кога ќе му се прави тоа на детето. Ова е многу голема лекција за посветеност спрема нешто, а децата често пати имаат проблем со оваа област.
Ќе го зголеми самопочитувањето кај детето
Имањето на важна обрска во семејството, па дури ако тоа подразбира само секојдневно хранење на рипка, може да им донесе на децата раст на самодовербата. Чувството дека се грижат за друго суштество, на кое му се потребни и кое зависи од нив, ќе направи да се чувстуваат добро во врска со самите себе. Освен тоа, добро извршената работа е одлична за самопочитувањето.
Чувањето на животно ги намалува стресот и депресијата
Студии покажале дека со чувањето на домашно милениче стресот и депресијата можат да бидат намалени. Дури и самото галење на животното може да има смирувачки ефект и да ја смири тензијата и стресот, да ја намали брзината на чукањето на срцето и крвниот притисок. Животните даваат безусловна љубов која е тешко да се најде на друго место и тие не осудуваат. Затоа ако вашето дете имало тежок ден на училиште, доаѓањето дома и посветувањето на внимание на семејното милениче може да биде совршениот лек.